Според објавата, забрането е да се оди на училиште во маици на прерамки, хеланки, бермуди, шорцеви, кратки пантолони, картки маици, искинати фармерки и пантолони, тренерки и кратки сукњи.
Исто така, на учениците им е забрането да имаат големи нокти и пирсеви.Во Кодексот за однесување, кој исто така е објавен на страницата на училиштето, наведено е дека машките ученици не смеат да имаат долга коса, репче или брада.
-Учениците да бидат уредно облечени горен дел пристоен изглед – маичка/блуза/дуксер, долен дел фармерки/панталони/сукња со пристојна должина. Со својот пристоен изглед нема да се издвојуваат од средината. Во спротивно, нема да бидат примени на настава.Дозволена должина на здолништа е до и под колена, а на панталони исклучиво долги.Секој ученик да внимава на својата фризура за време на настава, (женските со уредна и прибрана фризура без разлика на должината на косата, без шминка и лакирани нокти, а кај машките без долга коса, репче и брада) – наведено е во кодексот.
Правилникот ги актуелизираше во јавноста дискусиите околу тоа дали е потребно враќање на школските униформи во училиштата, со цел пристоен изглед, но и да нема поделби помеѓу учениците, според висината на цената на гардеробата која ја носат.
Според реакциите, голем дел од родителите се за задолжително враќање на школските униформи, под услов истите да бидат обезбедени од страна на училиштата, а не родителите да плаќат за нив бидејќи во минатото се случило да имаат понуди за униформирана облека, кои биле нереално скапи.Голем број на ученици пак сметаат дека со вакви и слични забрани се навлегува во нивната приватност и право на личен избор, посебно кога е во прашање должина на коса кај момчиња, или пак спортскиот начин на облекување, во случајов тренерки и хеланки.