МАКТЕЛ

     

Притисоците од ДУИ се политичко дивјаштво, смета претседателот на Уставниот суд пред подготвителната седница за Законот за јазиците

      

Подготвителната седница се свикува пред Уставниот суд да донесе одлука за поведување постапка, а на неа освен домашни експерти, ќе присуствуваат и еден судија од Венециската комисија и еден од Европскиот суд за човекови права. Ова не е политички примитивизам, туку политичко дивјаштво и со индигнација ги отфрлам сите лаги и тешки манипулации, вели претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски за секојдневните притисици од ДУИ во пресрет на подговителната седница на Судот за законот за употреба на јазиците, закажана за 20 март. Во изминатиот период ДУИ континуирано се заканува дека никој не смее да чепне во албанскиот јазик кој е со крв стекнат. Костадиновски на брифинг со новинарите најави дека на подготвителната седница ќе учествуваат подносители на иницијативата, повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венециската комисија и професори од правните факултети во државава. Иако биле поканети нема да дојдат творците на Уставот и учесниците во Рамковниот договор.

– Зошто постои Уставниот суд? Што треба да направиме со таа иницијатива, да земеме да ја искинеме, да ја чуваме до 2030, 40, 50, што треба да направиме кога имаме јасно определени надлежности и должности. Ние сме должни да одговориме на прашањето. Ама да се употребат такви тешки зборови, да се игра на чувствата на граѓаните, да се манипулира, е, не знам како да го наречам, не политички примитивизам, туку политичко дивјаштво. Ова е брутално, ова се лаги, невистина. Од каде знаат каква ќе биде одлуката на судот. Кој може да ја предвиди одлуката? Уште од сега знаат каква е одлуката на судот. Што ако судот рече дека нема никаков проблем, ќе се извинат ли тогаш за ваквите тешки лаги. Со индигнација ги отфрлам сите лаги, тешки и опасни манипулации – рече Костадиновски. Тој е дециден дека партиите мора да се научат на политичка култура зашто е ненормално целото општество да се чува во заложништо поради нечии политички амбиции, на која било партија. – Не можам да ја разберам смислата за толку драматизирање. За што постои законодавецот? Дури и да донесеме некоја одлука ние му укажуваме ова не е во ред и тој знае како да го доуреди. И каде тука се загрозени правата на кого било? Тоа е владеење на правото. Законодавецот ако излезе од уставната рамка Уставниот суд го корегира, а законодавецот интервенира. Ама ваков жесток вординг, жестоки обвинувања… – констатира претседателот на Судот.

   

Тој цврсто стои на ставот дека Судот нема да прави компромиси со никого за владеењето на правото.– Мојата цел не е да ги разубедувам политичарите, нема да престанат, нивните манипулации ќе продолжат. Ако со подготвителната седница успееме ние како Суд да ги убедиме граѓаните да не бидат манипулирани, тоа е успех – рече Костадиновски. Тој информираше и дека го известиле МВР дека на 20 март ќе се одржи седницата и дека на полицијата е да одлучи како ќе постапи, особено што на претходната седница за Законот за јазиците, Коалицијата Европски фронт протестираше пред Судот. ДУИ континуирано предупредува дека се прават обиди за напад на најчувствителното прашање од Охридскиот рамковен договор – прашањето за јазикот. Според интегративците, секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на земјава. – Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците со што албанскиот јазик го доби заслуженото место во нашиот мултиетнички државен систем. Но, четири години подоцна, антиохридските духови повторно се разбудија за да го нападнат најчувствителното прашање, токму таму каде што синџирот е најслаб – прашањето на јазикот, најсилниот симбол на еднаквоста и меѓуетничката хармонија – велат од ДУИ.

За опозициската партија оспорувањето на Законот е напад врз темелите на соживотот и евроатлантската ориентација на државата. Оценувањето на уставноста на Законот, според ДУИ, е политички мотивиран и репресивен чин кој доведува до создавање тензии и отворање на старите рани од минатото. -Апелираме до сите државни институции и меѓународни фактори да не дозволат земјата да се лизне по патот на ревизионизмот, кој може да доведе до длабока политичка и институционална криза со непредвидливи последици. ДУИ со сите демократски средства ќе го брани Законот за употреба на јазиците и нема да дозволи враќање назад – децидни се од ДУИ. Костадиновски информира дека на подготвителната седница се поканети Мартин Кујер, потпретседател на Венециската комисија и холандски врховен судија, кој ќе го образложи пријателскиот совет што го побара нашиот суд и Артурс Кучс, судија на Европскиот суд за човекови права со експертиза за малцинските права и употребата на малцинските јазици, кој ќе ја образложи праксата на ЕСЧП во слични случаи и ќе ги презентира европските стандарди за употребата на јазиците. Од домашните експерти на седницата ќе присуствуваат Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија на ЕСЧП, Рената Дескоска, професор по уставно право и член на Венециската комисија, проф. Борче Давитковски, Јетон Шасивари, професор по уставно право на Универзитетот за Jугоисточна Европа, Гордана Лажетиќ, експерт по казнено процесно право, Мерсељ Биљали, експерт по меѓународно право, Денис Прешова, експерт по уставно право, Мерсим Максути од Државниот универзитет во Тетово, Абдул Меџит Нуредин од Меѓународниот универзитет Визион од Гостивар, доц. д-р Азам Кор Бајрам од Визион Гостивар, Жаклина Доведен, претседателка на Апелацискиот суд Битола, Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд Скопје и Бурим Сејдини, претседател на Управниот суд.

Претседателот објасни дека на седницата ќе се зборува само за материјалното право, бидејќи формалниот дел на уставноста е веќе апсолвиран. Станува збор за Указот за Законот за јазици за кој е веќе одржана подготвителна седница во 2021 година. На седницата ќе се дискутира за шест спорни прашања. Подготвителната седница се свикува пред Уставниот суд да донесе одлука за поведување постапка. Седница почнува со краток осврт на судијата известител за фактичката и правната состојба и кои биле спорните прашања, при што сите учесници ги даваат своите правни мислења исклучиво за спорните прашања. Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии и здруженија, оформен во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венециската комисија. Уставниот суд може да ги отфрли иницијативите, да одлучи да поведе постапка за законот во целост или само за делови од него, да ја запре времено неговата примена додека да донесе конечна одлука, или да го прати на доработка во Парламентот.

  

Најново

За пуста функција и преку трупови ќе газите, јаден министер, јадна култура му напиша Тони Михајловски на Љутков

Sase Ivanovski

ЉУБЧО: Македонскиот идентитетски мазохизам кога станува збор за србите е неверојатен !!!

Sase Ivanovski

Инфомакс: Таткото на министерот Тошковски бил осуден условно за измама – За пари средувал инвалидски пензии!

Sase Ivanovski

Апасиев: Панче апси конкуренција на татко му

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Санкциониран возачот кој со возило се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел

Sase Ivanovski

Масовни злоупотреби при доделување туѓа нега и инвалидски пензии – спроведена истрага против 49 лица, 23 уапсени

Sase Ivanovski

(ФОТО) Машинскиот факултет го зацврстува инженерското образование со модерни лаборатории и напредна опрема

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Тренчевска побара оставка од Таравари по сите скандали во здравството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Дурмиши: Кој ќе одговара за доцнењето на платите и непочитувањето на законските обврски?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Денот во 60 секунди – Набавка на 100 амбулантни возила, нови 250 милиони евра за општините, најава за капитални инвестиции над 5 милијарди евра

Sase Ivanovski

Цветков до Дурмиши: Граѓаните живеат тешко, зошто не ја зголемите минималната плата на 30.000 денари?

Sase Ivanovski

„Украина е преголема затоа нема да влезе во ЕУ“, вели Милановиќ

Sase Ivanovski

Лажна објава за потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, се споделува како вистинита

Sase Ivanovski

ОЈО: Претседателката на Антикорупциска му одавала службени тајни на обвинет во „Адитив“

Sase Ivanovski

Вистиномер: Без никакви докази се тврди дека е зголемена смртноста меѓу вакцинираните од ковид-19

Sase Ivanovski

Вистиномер: Не е точно дека папата Франциск починал многу порано, за сега да биде прогласен за светец

Sase Ivanovski

Вистиномер: Долгиот ковид нема врска со трагите што авионите ги оставаат зад себе

Sase Ivanovski

Во текот на вчерашниот ден (23.04.) санкционирани 865 возачи, 128 за неносење заштитен шлем

Sase Ivanovski

КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ЧАИР СЕ СОБИРА БЕЗ НИКАКОВ ЗАСТОЈ

Sase Ivanovski

Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Проектираниот раст од 3,7% реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја

Sase Ivanovski

Ако годинава имаме избори, следните четири години може да бидат нашиот прв реформски прозорец кон ЕУ – порача Бујар Османи од Љубљана

Sase Ivanovski

Проданоски: Владата им овозможува на локалните самоуправи да функционираат самостојно, проектите го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните

Sase Ivanovski

Движењето ЗНАМ за наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“

Sase Ivanovski

Исто лице ограбило две обложувалници во скопски Аеродром

Sase Ivanovski

Горан Минчев со граѓаните на Тетово: „Локалната промена почнува со Вас“

Sase Ivanovski

Судот и го одзема пасошот и и забрани „одредени активности“ на осомничената прва антикорупционерка

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков во работна посета на Охрид

Sase Ivanovski

Скопјанец дал 23.000 евра рушвет за вработување на внукот, па пријавил дека го измамиле

Sase Ivanovski

СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата

Sase Ivanovski

Приведен кумановец затоа што управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во „ПРЕСВРТ“ Златко Димовски: Поткупливост има ама никој не пријавува

Sase Ivanovski

Тренчевска: Реализацијата на капиталните инвестиции на ДПМНЕ на локално ниво е поразителни 3%

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони ја чинат Македонија и македонските граѓани златните визи на Заев и Филипче во Дубаи и од каде им се милионските трансакции?

Sase Ivanovski

Маневски: Нова детска градинка и преиначување на објект за згрижување на деца од предучилишна возраст, нови капитални инвестиции од Владата за помодерно Зелениково

Sase Ivanovski

Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, Висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ

Sase Ivanovski

Герасимовски: „Горан е тука“ – во недела заеднички го одбележуваме роденденот на Горан Стефановски 

Sase Ivanovski

AETM: Заедно со Visa поддржуваме 20 микро и мали бизниси бесплатно да отворат е-продавница

Sase Ivanovski

Битолчани ќе добијат зони со бесплатен интернет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митови и факти ЕП10 | Хасановиќ: Политиката се сведе на натпревар за популарност

Sase Ivanovski

Исчезна 35-годишната скопјанка Симона Стојкова, семејството бара помош

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан на раб на војна поради пренасочување на водни ресурси

Sase Ivanovski

ЕУ: Српските институции на Косово не треба да бидат затворени

Sase Ivanovski

Градоначалникот Крстевски: Собранието покажува непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани

Sase Ivanovski

Трамп: Путин ќе ме послуша и ќе ги запре нападите

Sase Ivanovski

Д-р Никола Панчевски: „Систина“ е мојот животен проект и јас сум емотивно поврзан со сите случувања во болницата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Посетата на Велика Британија претставува нов чекор во подобрување на соработката меѓу Македонија и Велика Британија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Премиерот Х. Мицкоски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов” на повеќе теми меѓу кои и корупцијата

Sase Ivanovski

Муцунски: Попладнево остварив средба со новоизбраниот претседател на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, и селекторот на машката македонската репрезентација, Кире Лазаров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јакимовски ќе поднесе кривична против Обвинителството–тврди дека затворската казна е политика

Sase Ivanovski

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Sase Ivanovski

Мицкоски: Никој да нема дилема во мојата цврста определба за борба против корупцијата, имаме разрешувања, притвори – има разлика

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Државниот секретар оствари средба со амбасадорот на Република Турција

Sase Ivanovski

Aнгелевска до премиерот Мицкоски: Кога може да очекуваме реформи во правосудството, со оглед на тоа што иако изгласавме интерпелации за судии тие продолжија да си работат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното

Sase Ivanovski

Мицкоски за членовите на СС: Се уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2 проценти, образ ѓон

Sase Ivanovski

Мицкоски: Мерките дадоа резултат, цените на храната се намалија дури и според кошничката од синдикатот, ако има девијантно однесување по 30 април ќе има нови мерки

Sase Ivanovski

Зошто прстенот на папата Франциск мора да биде уништен по неговата смрт?

Sase Ivanovski

Згради во Неготино немаат хидрантни црева, оти се крадат за полевање на лозјата, а немаат ниту законски управители!

Sase Ivanovski

Околу 100.000 евра собрани на хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена Звезда во Скопје

Sase Ivanovski

При сечење падна дрво и уби 53-годишен струмичанец близу Виница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Го ограби манастирот во село Обршани – камерата го сними

Sase Ivanovski

Државата продава конфискувани возила, а за имотот на Груевски и Мијалков се чека амин од Владата

Sase Ivanovski

Куманово со реални и значајни инфраструктурни проекти за функционални рурални и урбани средини

Sase Ivanovski

Мицкоски со нов скандал за Левица: Подрумот не ќе да е подрум, туку приземје во кое функционира и локал на име на нивниот член на претседателството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Зошто навреме не ги пресметавте платите за вработените?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Во Кочани видов ужас и пекол, го разбирам гневот на родителите на настраданите, правда ќе има

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ако некој во државава е во целосен распад, тогаш тоа е СДС на чело со Филипче, кој верно му ја чува фотелјата на Заев

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Доколку капиталните инвестиции ги евидентиравме како што тоа го правела претходната влада би дошле до двојно повисок процент

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Во Вашингтон ја продолжуваме редовната комуникација со меѓународните финансиски инстиуции и инвеститори за она што го работиме

Sase Ivanovski

Стаменкоска Трајкоска: СДС како резултат на неодговорното владеење остави пепел од држава, сега се покачуваат платите во сите области

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трагедија во Франција: Ученик со нож влегол во училиште, најмалку еден загинат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трајчулески: Дали стоите на вашето мислење за разрешување на државниот јавен обвинител?

Sase Ivanovski

Трајчулески до Љутков: Зошто одбивте проекти кои се од највисоко државно и национално значење?

Sase Ivanovski

Трајков: Европската финансиска поддршка креира успешни македонски приказни!

Sase Ivanovski

Стаменкоска Трајкоска: До каде е работата на надлежните со испитувањето на случајот за фамозното богатење на Левица и нејзините припадници?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Сузбиени две криминални групи кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии, поднесена кривична пријава против 49 лица, лишени од слобода 23, по едно лице се трага

Sase Ivanovski

Колева: Додека 500 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден, владата се луксузира со егзотично овошје и бесцелни патувања низ светот

Sase Ivanovski
Вчитувам....