-Бројките од центрите за социјална работа покажуваат дека немаме драстично зголемување на пријавите за семејно насилство или за насилство врз жените. Но, бројките од разрешницата во судовите покажуваат дека во најголем број на случаи или странките се повлекуваат во судската постапка или имаме судски пресуди кои се или ослободителни, бидејќи нема доволни докази во самата постапка, или се пресуди кои не соодвествуваат со законската регулатива, во однос на изречените казни, додаде Тренчевска.Оваа година, како што рече, бројките се движат од 900 до 1.000 пријавени случаи на семејно насилство преку Центрите за социјална работа.Вкупно имало 1.129 жртви на семејно насилство, од кои жените се 792, мажите 177 а од децата има 160 жртви. Од сторителите на насилството, 941 се мажи а 95 се жени.