Продолжува изградбата на парк во склоп на СОЗШУ “Ѓорче Петров” на површина од 14000 м2, со вкупна вредност од 9.870.000,оо денари.
При изградбата на овој парк во целост ќе биде опфатена реконструкција на постоечките игралишта, изградба на пешачки патеки, поставување на детски реквизити и урбана опрема. Со завршувањето на паркот ќе се направи пешачка врска со кејот кој е во поодмината фаза на изградба и со тоа граѓаните ќе добијат комплетна пешачка зона и рекреативен дел. Изведувач на работите е фирмата Павер Трејд.
Кавадарци за сите