Претседателот Лазар Чаквера прогласи ден на жалост поради смртта на Чилима и на девет други.Чилима и останатите патници биле на пат да присуствуваат на погребот на поранешниот државен обвинител, кога авионот исчезнал од радарот. Контролата на летање соопшти дека авионот не можел да слета на аеродромот Мзузу, на околу 320 километри од главниот град, поради слабата видливост.
Според медиумите, на пилотот му било наложено да се врати во Лилонгве, по што леталото исчезнало од радарот.Чилима (51) се сметаше за можен кандидат за претседател на државата на изборите што ќе се одржат во 2025 година.