Ако се погледне списокот на потпишаните предлагачи, од власта и од опозицијата, станува збор за предлог-закон за кој Собранието има консензус за потребата од негово носење, по скратена постапка
Една од причните за носењето на ваков закон е што една парцела во непосредба близина на Собранието пред 12 години стана сопственост, односно беше купена од скопска компанија која на неа требаше да гради катна гаража. По години никаква активност на терен од страна на компанијата, изградбата на катната гаража се актуелизираше во втората половина на минатата година
Според предложеното законоско решени, во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (доколку биде денесе) отуѓеното земјиште се враќа во владение на Република Северна Македонија, а на поранешниот сопственик му се враќа износот уплатен како купопродажна вредност согласно договорот за купопродажба, зголемен за трошоците на надоместокот за уредување на земјиштето и евентуалните вложувања
Предлог-закон со кој просторот околу Собранието на Република Северна Македонија ќе се прогласи за безбедносна зона е доставен во законодавниот дом и треба да се најде пред пратениците.
Зградата на Собранието на Република Северна Македонија / Фото: Архива
Предлагачи на законот, кој, како што е наведено во него, ќе се носи по скаратена постапки, се група пратеници. Конкретно на Предлог-законското решение, што денеска е архивирано од собраниските служби се потпишани претседателот на Собранието, Африм Гаши, координаторот на пратениката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, потпретеседателката на законодавниот дом, Весна Бендевска од редовите на ЗНАМ, координаторот на пратенчката група на СДСМ, Оливер Спасовски, координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Блерим Беџети, координаторот на пратеничката група на владејачката коалција на партии на Албанците ВЛЕН, Беким Ќоку и коодинаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов.
Ако се земе предвид списокот на потпишаните предлагачи, станува збор за предлог-закон за кој членовите на Собранието имаат консензус за потребата од негово носење.
„Врз основа на член 71 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 139,144 и 175 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, Ви поднесуваме Предлог на закон за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, по скратена постапка“,
се наведува на почетокот на Предлог-законот.
Со него, како што се наведува во воведниот дел од документот, односно со прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона се уредува статусот, вкупната површина, границите на земјиштето, употребата, обезбедувањето, како и надзорот и уредувањето на имотно-правните прашања поврзани со просторот околу зградата на законодаввниот дом.
Зошто ќе се носи ваков закон
„Со Предлогот на законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона ќе се овозможи слободен пристап на пратениците, надворешните лица кои учествуваат во работата на Собранието (преставници на Владата и на органите на државната управа и на други органи) и на вработените во Службата на Собранието, во просторот околу Собранието и истовремено ќе се заштити објектот, пратениците, Службата и просторот околу Собранието кој е прогласен за безбедносна зона за искористување за потреби, кои не се на Собранието и објектите кои се наоѓаат во негова непосредна близина, а се во границите на безбедносната зона“,
се наведува во образложението на предлог-законското решение.
Дополнителна причина за носењето на ваков закон е што една парцела во непосредба близина на Собранието пред 12 години стана сопственост, односно беше купена од компанијата „Анго“ која на неа требаше да гради катна гаража. По години никаква активност на терен од страна на компанијата, изградбата на катната гаража се актуелизираше во втората половина на минатата година.
Ова како една од причините за носење на Предлог-законот е наведено и во самото негово образложение.
„Дополнителна причина за донесување на овој закон е тоа што во изминатиот период просторот околу Собранието како атрактивна локација во строгиот центар на градот во постапка со електронско јавно надавање беше отуѓена дел од катастарската парцела на правно лице и во непосредна близина на Собранието се планира изградба на катна гаража за комерцијални цели“,
се вели во текстот, објавен на веб-страницата на Собранието.
Предлагачите, во текстот, исто така посочуваат дека прогласувањето на просторот околу парламентот за безбедносна зона не е непознаница и како компаративни примери наведуваат дека како безбедносни зони се уредени парламентите на повеќе европски држави. Посочени се парламентите на Австрија, Белгија, Германија, Романија и Унгарија.
Принтскрин од Предлог-законот за прогласување на просторот околу Собранието на РСМ за безбедносна зона, по скратена постапка
Инаку, вакво законско решение од Собранието се најавуваше уште минатата година, а претседателот на законодавниот дом Африм Гаши на крајот на јануари годинава на бирфинг со новинарите рече дека текстот на законот е 99 отсто готов и оти во февруари треба да се најде во собраниска процедура. Тоа не се случи во февруари, но по четири месеци тој сега е доставен во собраниска процедура со потписи од пратеници и од власта и од опозицијата.
Што е безбедносна зона
Предлог-законот има вкупно 12 члена, од кои првиот се однесува на прогласувањето на просторот околу Собранието за безбедносна зона.
Членот 2 вели дека „безбедносната зона од членот 1 од овој закон претставува јавен интерес од значење за државата“, додека во членот 3 е дефинирано што преставува безбедносна зона.
„Безбедносната зона е површината на просторот околу објектот на Собранието со дефинирана граница којашто ги опфаќа земјиштето и воздушниот простор, до која од безбедносни причини и заради безбедносни интереси на државата пристапот и користењето се ограничени со закон“, се вели во членот 3.
Во следниот, член 4 се наведени границите и што сè од просторот околу Собранието е предвидено да влезе во безбедносната зона.
Така, според ставот 1 од овој член границата на безбедносната зона ги опфаќа во целост Катастарската парцела КП број 13474, КП бр. 13473/2, КП бр. 13473/1, КП бр. 13473/4 и дел од КП бр. 12056/1, сите во
КО Центар 1, и зафаќа површина од 1,55 хектари или 15 546, 0474 квадратни метри.
Во ставовите 2 и 3 од овој член, пак, подетално е наведено географското протегање на парцелите, како и координатите на прекршните точки со редни броеви од 1 до 114 и 14 лака.
Принтскрин од ставовите 1, 2 и дел од ставот 3 на членот 4 од Предлог-законот
Висината на безбедносната зона во вертикала на територијална граница утврдена со претходно наведените ставови е предивдено да изнесува 100 метри.
„Во безбедносната зона, според членот 8 од предлог-законот се забрануваат:
1. градежни активности;
2. поставување на линиска и инсталациона инфраструктура;
3. одржување на јавни собири, протести или манифестации;
4. летање со дронови и други типови на беспилотни воздушни летала во воздушниот простор над Собранието и безбедносната зона и
5. вршење на други работи со кои се нарушува или оневозможува нормалното функционирање на Собранието и објектите што се наоѓаат во непосредна близина на Собранието, а се до границите на безбедносната зона.
Инаку, несењето на ова законско решение предвидува финансиски импликации, а една од нив е враќањето во владение на државата на катастарската парцела што е во сопственост на компанијата која требаше да гради катна гаража.
Фирмата „Анго“ и неизградената катна гаража
Како што објави лани „Призма“, парцелата, која се наоѓа веднаш до Собранието во 2013 година ја купи скопската компанија „Анго“ за 330 илјади евра. Фримата требаше во рок од 10 години да ја изгради катната гаража од кога Општина Центар и издаде градежна дозвил.
Сепак, се до лани, односно непосредно пред истекот на рокот, немаше видливи градежни активности на теренот.
Но, активности поврзани со катната гаража имало во судовите. Имено, според „Призма“ поради бавната работа на компанијата во 2018 година Општина Центар одлучува да ѝ ја одземе градежната дозвола, користејќи го аргументот дека фирмата заостанува зад рокот од две години за почеток на градба.
До 2021 година, општината и „Анго“ воделе две судски битки за одземањето на дозволата пред Управниот суд, кои фирмата ги добива во своја корист. Фирмата, како што објави „Призма, била застапувана од сегашниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, тогаш во улога на адвокат. Тошковски, според објавите бил и во комисијата на Министерството за транспорт и врски за отуѓување на земјиштето, кога првпат се продаде истата парцела во 2009 година. Тогаш ја купи скопската нафтена компанија „Макоил“, која подоцна се откажа, па земјиштето го зеде семејството Трпковски.
Парцелата на која фирмата „Анго“ требаше да гради катна гаража / Фото: БИРН/„Призма“
Во меѓувреме, во ноември на седница одржана во Собрание, сопственичката на фирмата, Анкица Трпковска беше избарана за член на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), државната институција која што го регулира телекомукацискиот сектор. Државата ќе си го врати земјиштето, траен сопственик ќе биде Собранието
Доколку биде донесен, а потписите и од пратенциите на власта и од нивните колеги од опозицијата навестуваат дека тоа ќе биде случај, предлог-законот налага укинување на одобренија за градење на градби во безбедносната зона издадени до денот на влегување во сила на законот.
„Со денот на влегување во сила на овој закон правните дела во врска со земјиштето што влегува во просторот прогласен за безбедносна зона, склучени до денот на влегувањето во сила на овој закон, се раскинуваат по сила на овој закон, а прибелешките за правните дела Агенцијата за катастар на недвижности ги брише од јавната книга за запишување на правата на недвижности, по службена должност. Со раскинувањето на правните дела од ставот (2) на овој член по сила на овој закон, секоја од договорните страни е должна да го врати она што го стекнала врз основа на склученото правно дело. Во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон земјиштето од правното дело од ставот (2) на овој член се враќа во владение на Република Северна Македонија, а на поранешниот сопственик му се враќа износот уплатен како купопродажна вредност согласно договорот за купопродажба, зголемен за трошоците на надоместокот за уредување на земјиштето и евентуалните вложувања. Зголемените трошоци на надоместокот за уредување на земјиштето и евентуалните вложувања од ставот (4) на овој член се определуваат од страна на овластен проценител согласно Законот за процена. Средствата од ставовите (4) и (5) на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија. По целосно исполнување на обврските од ставовите (4) и (5) на овој член, ниедна од договорните страни од правното дело од ставот (2) на овој член, нема право на дополнителни побарувања спрема другата страна, во управни, судски или друг вид постапки“,
стои во членот 10 на Предлог-законот.
Според ставот 2 од членот 11 земјиштето што влегува во просторот прогласен за безбедносна зона Агенцијата за катастар на недвиѓности по службена долѓност го запишува како сопственост на Република Северна Македонија, со право на трајно користење.