МАКТЕЛ

     

Психо операции

      

Но битно, кај македонското граѓанче, секогаш, ама баш секогаш има осет, па и таква моќ што веднаш може да се приклони или навака или натака зависно од личните потреби и тоа до ниво на занемарување на својата држава. Од нашето осамостојување, па до ден денес ми се чини дека оваа особина посебно се култивира, легитимира, и станува како сурвајвалистичка хабитуалност без која е невозможно да се опстане. Но денес, ми се чини дека ургентно е да се стави таа особина малку ad acta.

Зошто, во услови на сериозни психолошки операции (PSYOP) на кои сме изложени како дел од хибридните закани и кога со истите тие PSYOP се креираат впрочем и лажните вести од нерегулираните, пардон “саморегулираните медиуми”; истите тие PSYOP имаат токму таква цел да индуцираат поларизација. Тој trash на црно-бел високо поларизиран светоглед, очигледно е длабоко интернализирн. Во една ваква комлексна глобална безбедносна состојба , ние повторно, како да немаме минимум капацитет да разбереме каде сме, што сме и што сакаме!? Повеќето од нас ги боли уво, и за контекст и време, и за причини и за последици, од сопствени проценки и дествија. Жално.

   

Ако се обидете, на пример,  некоја логика да најдете во сферата на креирање на “најавеното мислење” , големи се шансите да звучите како збир на “печатни грешки”. И, секако, нема да успеете во еден таков потфат. Бидејќи, плукачите на комунизмот, навиваат за Путин денес; “довчерашните бугарофили” се против Бугарите денес; контра-револуционерните на антифашистите од ВСВ и врховистите јаваат на путинистичката “антифа” пропаганда; додека “борците” за дискредитација на Блаже Конески и неговиот придонес во кодификацијата на македонскиот јазик, го бранат до последната капка крв “македонскиот идентитет”; медиумските превари продаваат магла и сеат лаги за големи суми, а со тоа го стимулираат и лакомислениот, но, и лошонамерниот граѓанин, а луѓето кои најдрско ни упаднаа во домовите во приватноста, зборуваат за обесправен народ?!??!?! Алоо!

Ќе бидам директна: кој кого заебава овде?Се знае кој.Што ни укажуваат ваквите нелогични паралели, за чија бесконечна бројка нема место во овие редови. Одма да одговорам: тврдам дека овие дисоцијативности се резултат на психолошки операции (PSYOP) против нашата држава и граѓани. А денес, на секој треба да му е јасно дали “некој” и кој е тој што има таков интерес за сеење на ваква омраза помеѓу нашиот народ?

Или, како го замислувате исходот од оваа деструктивна атмосфера која очигледно е дека се билда од ден на ден, а забележана под поимот “поларизација” во извештајот!Еден барем малку посериозен увид во нашата стварност неминовно ќе не донесе до заклучок дека заканите од хибридитет успеале во тоа да “ја имат снемано реалната перцепција” и со тоа да заостанеме во адаптацијата, соодветно.

На друго ниво, важно е да се укаже дека, поларизираните поединци пак, научно потврдено е, немаат баш капацитет да ги воспремаат фактите и доказите спротивни на нивните сопствени ставови (или замислени приказни); и како такви тие се посклони да ги игнорираат мислењата на нивните противници; и да ги игнорираат фактите, со што стануваат само екстензија, предмет, орудије или маша на т.н. трети страни кои имаат интерес од конфликт на пример – тука, и сега!

Во Македонија, имено.Сликовито: тендецијата за изолација на земјава преку неусвојување на уставите измени и прекинување на преговорите со ЕУ, се пресекува преку иницирање прво на интра-македонски конфликт (од кој секако би имале корист сите други само не Македонците, а таков обид имаше по повод бекатонскиот протест!); второ, интер-етнички македонско албански (од кој би имале значајна корист регионалните злонамерници). А ние, пустите поларизирани, глупантропи!

Психолошки, политичката поларизација се објаснува и како резултат на сложена интеракција помеѓу сопствената когнитивна структура кај една личност (свест или нејзино отсуство, напр.) и тоа во комбинација со влијанијата од околината. Во таа смисла, основано индикативни се “конзервативните” диспозиции и вредности врзани за свеста на поединците кои така се индетификуваат. На пример овој наслов од еден научен труд, сам по себе е забавен: Knot in Their Right Mind? Right-Wing, Extremism Is Not a Mental Illness, but Still a Challenge for Psychiatry (Schumann; Brook; Hein). Едноставно кажано, структурата на нашата социјална средина во коваријација со персоналните когнитивни диспозиции, факт е, дека имаат големо влијание и врз нашите политички избори. Психологијата на политичките идеологии, впрочем нуди опширни докази дека луѓето кои се социјално и културно конзервативни покажуваат значително помала толеранција за двосмисленост и за потреба од “подлабоко спознание” отколку оние со либерални согледби. Но, тоа е до индивидуалните преференци. И тоа не е за осуда или за морално “згрожавање”. Проблемот настанува кога “oвие со такви диспозиции” се ставени во погон и мобилизирани преку психолошко оперативна интервенција низ ехо комори, или платформи, а по повод конретни социјални ситуации (напр. француски предлог). Тогаш, информацискиот геримендеринг стапува на сцена и тоа се дизајни кои ќе ви прикажуваат објави што вам веќе ви се допаѓаат, па сте бомбардирани со ставови со кои веќе се согласувате. Така поларизацијата расте, а “третите страни” гледаат сеир и чекаат момент за нешто поголемо , како (27ми април, напад на Captol Hill, Brexit, Макзит итн сл.)

Крајно време е различностите во општествено политичките сфери да се манифестираат и промовираат преку конструктивни дискусии и аргументи, а за тоа голема одговорност како на грбот на политичарите, така и на медиумите , кои не сум баш сигурна дека се целосно свесни во каков амбис може да не однесе нивното неодговорно делување, кои нема никакви допирни точки со државните и општествените придобивки, напротив, ја продлабочува поларизацијата во општеството и во голема мерка ги зголемува безбедносните ризици на кои сме изложени.

Ана Чупеска

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....