26.8 C
Скопје
21/05/2024 15:57
МАКТЕЛ

  

     

 

Пукај бе братучед, никој нема зад мене

      

Слободата на изразување и заштитата на новинарите се носечки столбови на секое демократско општество. Преку поддржување на овие принципи се креира енергичен и разновиден медиумски сектор, што е клучно за информиран јавен дискурс, изјавил Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

   

Тој, заедно со претставници на Здружението на новинарите на Македонија, претставници на Министерството за внатрешни работи и јавниот обвинител за предмети поврзани со безбедноста на новинарите, зборувал на дискусија насловена „Поддршка за новинарскиот интегритет: заштита на новинар(к)ите и медиумските актери во Северна Македонија“, во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“, во организација на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје и ЗНМ.

 

На таа конференција сигурно на „нивоу“ се зборувало колку е битна слободата на изразување. Но, тоа е само форма. Кога ќе се почувствуваш небезбеден и кога ќе почнеш да се јавуваш по институциите и здруженијата што ја чуваат безбедноста на новинарите со полни усти,  никој не сака никого да „си го стави на врат“. И доаѓаш во ситуација кога ти се врти сцената од „Пред дождот“, „Пукај бе братучед“. Никој нема зад мене.

   

     

Во 17 години работа како новинар, деновиве првпат побарав помош од ЗНМ и од неколку институции. И не побарав исклучиво јавно да се реагира дека „некој мене ме погледнал на страна“, туку побарав совет како да постапам. Но, контрапродуктивно било ако се објави јавно, институциите немале закана „црно на бело“…

А, секој веќе си дозволува да му кажува на новинарот што треба да пишува, да објави. Во некој од последните броеви на неделникот „Фокус“ излезе насловна страница и текст за исчезнувањето на младиот Самоил, за кого нема ни трага, ни глас повеќе од една година.

За неговото грабнување веќе имаше првостепена пресуда и беа осудени две лица. Со читањето на пресудата во јавноста се доби малку појасна слика за овој случај, за кој досега во медиумите единствено беа пренесувани изјавите на неговиот татко. Судијката ги прогласи за виновни обвинетите што ги товареше обвинителството и детално читаше што се случувало пред грабнувањето.

Всушност дека имало некој неплатен хероин од 4 килограми, земен од Хрватска,  дека на блиски на Самоил му биле испраќани пораки дека дрогата ќе ја платат со пари или крв. И да не навлегувам, истражните органи нека си ја водат истрагата.
Пресудата беше јавна, а дел од медиумите ја пренесоа и во целост. Во судницата се чувствуваше тензична атмосфера меѓу семејствата на исчезнатиот Самоил и семејствата на сега веќе осудените.

Таткото на Самоил по неговото исчезнување беше ранет пред неговиот дом. Неколку дена по излегувањето на текстот, добив повик од сведок во случајот. „Како смеете да ме објавувате со име и презиме, јас сум сведок“, викаше нервозно и заканувачки лицето. Јас пробав да му објаснам дека судењето е јавно, дека имињата се кажани јавно. „Кој ви дозволи да го објавувате моето име“, заканувачки викаше лицето. Јас му кажав дека нам не ни треба дозвола за тоа. „Ќе се видиме на суд, ќе ве тужам“.

И во ред, секој има право да тужи, да испрати реакција, демант до медиумите, но треба да знае дека неговото име не го измислил новинарот, тоа било јавно кажано во судница, од страна на обвинителот и од судијата.

Лицето, чие име еве воопшто не е битно во приказната, било сведок на обвинителството, не е заштитен сведок, а неговото сведочење било јавно и таму можеле да присуствуваат и да го пренесат она што го зборувал во судница сите медиуми што би биле присутни таму. По повикот, лицето ми пратило две пораки на Фејсбук, месинџер, кои не успеав да ги прочитам зашто беа избришани.

Секој што сака да биде новинар, секако треба да го прифати ризикот на својата професија. И јас сум го прифатила тој ризик, ми се јавувале да избришам нешто што сум напишала, иако било точно и проверено, во три по полноќ ѕвонеле зашто сум објавила слика од некој што се сликал со дел од криминалното подземје и бил во затвор. Ми откажувале интервјуа зашто на некој функционер, кој го плаќаме со наши пари, прашањата му биле многу чувствителни, на друг политичар, прашањата му биле брутални, се ѕвонело по телефони и само прашање ако му поставиш некому.

Има луѓе кои  доаѓаат луѓе во редакција, кои ви тврдат дека Хари Костов е уапсен по негова пријава, ама никој не знае. Дека го следат агенти. Дека судството уште го тресат Бранко Црвенковски и Ленче Софрониевска…. И сето тоа треба да се „свари“ и да се продолжи понатаму.

И сето тоа сум го сфаќала како дел од професијата. Но, Здружението на новинарите и институциите треба да знаат дека сите новинари не пишуваат само за политичари, нивните бизниси, коруптивни зделки. Има новинари што пишуваат и за криминалното подземје, има новинари што лица од затвор ги „гањаат“ на социјалните мрежи.
И искрено, не е сеедно. Не им беше сеедно ниту на моите колешки кога Марјан  „Доказ“ пишуваше гнасотилоци и лаги, а за тоа не реагираше ниту едно професионално здружение.

Сега се зборува за некакви „слап“ тужби. За волја на вистината, парите што сега новинарите треба да ги платат и да ги осудат за клевета и навреда се далеку помалку од оние илјадници евра што требало да ги платат порано нашите поискусни колеги.
Но, тоа што сега секој си зема за право да му се јави на новинарот да ја избрише веста, да го прашува кој му дозволил, да пишува лаги за неговиот живот, тоа предизвикува САМОЦЕНЗУРА кај новинарите. Затоа што на крајот на денот, тие се оставени сами на себе.

Тие сами мора да се борат со „Доказ“ затоа што никој од Здружението нејќе да си го земе „на врат“, никој адвокат нејќе да си го земе „на врат“ некој сведок итн. Ниту обвинителот за врска со медиумите, кој, пак, е и обвинител во овој случај, не му обајснил на својот сведок дека тој нема статус на заштитен сведок.
Позади сите новинари не стои партија, амбасада или не знам што. Позади некои нема никој, ама баш никој. Но, позади нив останува нивниот јавен збор. Тие ќе „пукаат“ со зборови и борба.

    

Најново

(ВИДЕО) АЛБЕРТ МУСЛИУ: УМРЕ ВРЕМЕТО КОГА МАКЕДОНЦИТЕ ОДЛУЧУВАА КОЈ ЌЕ ГИ ПРЕСТАВУВА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАСТА

Sase Ivanovski

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод, кој наместо да гони криминал, се занимавале со криминал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДАЦИ: АМЕРИКАНЦИ УАПСЕНИ ОТКАКО СЕ ОРГАНИЗИРАЛЕ НА ФЕЈСБУК И СЕ ОБИДЕЛЕ ДА НАПРАВАТ ДРЖАВЕН УДАР ВО КОНГО?!

Sase Ivanovski

ЗА БАРАЊЕТО НА АФД: Германија би претрпела сериозна штета доколку ја напушти Европската унија, велат германски експерти

Sase Ivanovski

(Видео) Започна погребот на иранскиот претседател Раиси

Sase Ivanovski

Бајден: Барањето за апсење на Нетанјаху е изедначување на Израел и Хамас

Sase Ivanovski

Германскиот принц на судење за заговор против државата: Групата се обидела да изврши државен удар во Германија

Sase Ivanovski

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е нов голман на Валенсија. Оваа вест ја потврди Фабрицио Романо, кој е експерт за трансфери на фудбалерите во Европа

Sase Ivanovski

Амал Клуни го советуваше Хаг да издаде налози за апсење за Нетанјаху и лидерот на Хамас

Sase Ivanovski

“Нити знам што правел Наќе нити сум бил кога му давале пари“ им се правдал Мемети на колегите од работа

Sase Ivanovski

Денеска и утре нестабилно со пороен дожд

Sase Ivanovski

Борел за барањето на МКС за апсење на Нетанјаху: Државите се обврзани да ги спроведуваат судските одлуки

Sase Ivanovski

Франција и Белгија го поддржаа барањето на обвинителот на МКС за апсење на лидерите на Израел и Хамас

Sase Ivanovski

„НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ГЛУВИТЕ ДА ОДЛУЧУВААТ ЗА УЧИЛИШТЕТО“, ВИКАЛА ПРОФЕСОРКА НА ГЛАС ЗА ГЛУВА КОЛЕШКА, ГИ ДИСКРИМИНИРАЛА И ДЕЦАТА ВО УЧИЛИШТЕТО ЗА ГЛУВИ НАРЕКУВАЈЌИ ГИ „ГЛУВТАРИ“

Sase Ivanovski

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ СЕ БЕЗ ВОДА ОТКАКО НА „ВОДОВОД“ МУ Е ИСКЛУЧЕНА СТРУЈАТА ОТИ НЕ ГИ ПЛАЌА СМЕТКИТЕ

Sase Ivanovski

Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Камениот мост

Sase Ivanovski

Судскиот совет му го одзеде имунитетот и го одобри притворот на судијата Наке Георгиев

Sase Ivanovski

Загина маж од кичевско, со автомобилот излетал од патот

Sase Ivanovski

Сончево и топло претпладне, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Судскиот совет може да му го одземе имунитетот на врховниот судија, но сепак да не дозволи притвор

Sase Ivanovski

Нема барање за притвор за Иџет Мемети, не биле најдени доволно докази – за Георгиев судот треба да одлучи за притвор

Sase Ivanovski

НОВОТО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО ,,ГРИН МАШИНС” НА БРАКО ПРЕТСТАВЕНО ВО МИНХЕН

Sase Ivanovski

Меџити: Помеѓу Груевски и Заев повторно би го бирал Заев

Sase Ivanovski

МВР: Забавниот парк пред „Борис Трајковски“ ќе биде затворен

Sase Ivanovski

Синот на осудениот Боро Стојчев ги снимил со мобилен судијата и обвиниелот како му бараат пари да помогат за таткому и ги пријавил

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ И МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ БИЛЕ ВО ПОСЕТА НА ПУШТАЊЕ НА НОВА БРАНА НА ГРАНИЦАТА СО АЗЕРБЕЈЏАН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АТМОСФЕРАТА НА КОШАРКАРСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО СРБИЈА Е ТОТАЛНО ЛУДИЛО

Sase Ivanovski

КАКО ЖЕНИТЕ ВО ИРАН ЈА ПРОСЛАВИЈА СМРТТА НА РАИСИ

Sase Ivanovski

ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети

Sase Ivanovski

ЗА УТЕХА НА СИТЕ ШТО СМЕ ПРОСЕЧНИ: И ГОЛЕМИНАТА НА ПЕНИСОТ МОЖЕ ДА ТИ НАПРАВИ НЕОЧЕКУВАНИ ПРОБЛЕМИ

Sase Ivanovski

И обвинителот Мемети осомничен за поткуп, претреси ноќеска во неговиот дом и службените простории

Sase Ivanovski

Нови цени од полноќ на горивата

Sase Ivanovski

Косовската полиција влезе во експозитурите на банката „Поштенска штедилница“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВАКА Е ДА БИДЕШ ПОД РУСКА ВЛАСТ: РУСИТЕ ФРЛИЛЕ 500 НУКЛЕАРКИ ВРЗ КАЗАКСТАН, ИМ ГИ ИСУШИЛЕ ЕЗЕРАТА, НАСЕЛИЛЕ РУСИ НА ПЛОДНАТА ПОЧВА

Sase Ivanovski

Јанчев доби извинување од кавадарчанецот, кој беше приведен поради закани кон него

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАЗАКСТАН: НАЈГОЛЕМАТА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА УШТЕ СЕ ОПОРАВУВА ОД РУСКИОТ ПОГРОМ КОЈ ТРАЕЛ 100 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

Тешко повреден е млад возач од село Моин, излетал со возилото кај Гевгелија

Sase Ivanovski

Се враќа ли Фатмир Меџити на министерското столче во здравство?

Sase Ivanovski

Медведев предвидува: Зеленски може да биде убиен

Sase Ivanovski

Милошоски: Во моментот имаме 61 пратеник и продолжуваме со преговорите со ВРЕДИ, на ДУИ и Ахмети им е изгубен компасот, време им е за опозиција 

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски во посета на системот за видеонадзор на сообраќајниците „Безбеден град“

Sase Ivanovski

Четврток неработен ден – Национален ден на Власите

Sase Ivanovski

Хорор во Тузла – ги убил сопругата и двете деца, па си пресудил

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со британскиот амбасадор Метју Лосон

Sase Ivanovski

Сашо Мијалков за три дена излегува од затвор

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Sase Ivanovski

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Sase Ivanovski

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Sase Ivanovski

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Sase Ivanovski

Претставници на МОН на Светскиот образовен форум во Лондон

Sase Ivanovski

Недостига земјиште за градба! Следните години ќе бидеме сведоци на ширење на градовите и создавање целосно нови населби!

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата

Sase Ivanovski

ФОРТОНМКА ја најавува втората Конференција за недвижности на 22 мај во Скопје

Sase Ivanovski

AI Tech Summit повторно во Скопје!  

Sase Ivanovski

Со задоволство Ви го претставуваме Balfin Real Estate како СРЕБРЕН СПОНЗОР на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија, 22 Мај 2024

Sase Ivanovski

Приведени крадци во Прилеп

Sase Ivanovski

ELENA LUKA HOME со ексклузивна видео презентација ќе го промовира својот премиум станбено-деловен комплекс FUTURA.

Sase Ivanovski

Средба Маричиќ – Бомгартнер: Поддршката од Франција за евроинтеграцијата на државата е цврста заложба за продолжување на процесот

Sase Ivanovski

Сиљановска доби честитка од Кралот Чарлс Трети: Уверен сум дека за време на мандатот ќе се справите со големите предизвици

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Охрид, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари

Sase Ivanovski

Мангова: Политичките актери си играат со национализмот кога се слаби сами по себе да донесат резултати

Sase Ivanovski

Меѓународниот суд на правдата бара апсење на Нетанјаху и шефовите на Хамас

Sase Ivanovski

Две лица тешко повредени откако возило удри во мотоцикл во Гостивар

Sase Ivanovski

Седумнаесетгодишник гласал осумпати за премиерот Моди на изборите во Индија

Sase Ivanovski

Турчин приложил фалсификувана зелена карта на Деве Баир, полицијата го приведе

Sase Ivanovski

Словачкиот премиер закрепнува и неговата состојба е стабилна

Sase Ivanovski

Индира Кастратовиќ: Во Македонија сите се тренери и селектори!

Sase Ivanovski

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и на лидерот на Хамас

Sase Ivanovski

Првиот мобилен повик е направен на денешен ден во 1973 година

Sase Ivanovski

Србија апелира за повлекување на текстот на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Мицковски на одбележување на годишнината од кревањето на разловечкото востание

Sase Ivanovski

ЕПСКИОТ РАСКАЗ НА БАТЕ ВАНЕ КАКО ГИ ОДНЕЛ ПАНДЕВ И СТОЈКОВ ВО МИЛАНО!

Sase Ivanovski

Grand Skopje PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Sase Ivanovski

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ПОЖАРНИКАРИ KOUZON Fire and Rescue Training Center Коузон Доброволно противпожарно друштво

Sase Ivanovski

Мангова: Верските заедници, армијата и полицијата со најголема доверба од граѓаните, бидејќи помала е интеракцијата со нив

Sase Ivanovski

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Sase Ivanovski

Од почетокот на израелската операција во Рафа од територијата побегнале 800.000 луѓе

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Sase Ivanovski

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Sase Ivanovski
Вчитувам....