Рускиот претседател Владимир Путин беше пречекан со улични демонстрации во главниот град на оваа јужнокавкаска земја, кога дојде на разговори со членовите на воената алијанса предводена од Москва.Стотици Ерменци и Руси емигранти учествуваа на дводневните митинзи во центарот на Ереван во знак на протест против посетата на Путин, со слогани како „Путин е убиец“ и „Не за војната“.-Мораме да покажеме дека не сите Руси го поддржуваат ова – рече Сергеј, ИТ-работник што неодамна се преселил во Ереван, додека присуствуваше на демонстрациите против војната во Украина, пренесува Москва тајмс.Студениот пречек за Путин на неговото прво патување во Ерменија од 2019 година е резултат на воената инвазија во Украина, поради која рускиот лидер изгледа сѐ поизолиран на светската сцена – а Русија се бори дури и да го задржи своето влијание во поранешните советски држави во Централна Азија и Кавказ.Додека беше во главниот град на Ерменија, Путин присуствуваше на самитот на шефовите на држави на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ЦСТО) – воен блок што ги вклучува Русија и Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан – и требаше да се сретне со ерменскиот премиер Никол Пашињан.-Јасно ни е дека нашата заедничка работа во рамките на ЦСТО носи видливи практични резултати и помага да се заштитат националните интереси, суверенитет и независноста на нашите земји – рече Путин на собирот.Сепак, Пашињан во својот поздравен говор ја нападна Алијансата ЦСТО за нејзината неактивност во тековниот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан.