Во новата осма епизода од втората сезона на емисијата „Радиус“ насловена како „Кодот на Мијаците“, се говори за културното наследство оставено од вештите раце на овој македонски род. Кога помислуваме на македонска традиционална архитектура, копаничарство и резба, носии, музика и се што не врзува со преродбенскиот период, неизбежно е да не се зборува за Реканскиот крај.
Во оваа епизода имавме чест, во име на МАРХ Македонска архитектура, да говори Ноеми Чаусидис, која ја појаснува архитектурата и значењето на врвниот македонски градител Андреја Дамјанов. Погледнете ја објавата на marh.mk