Републиканскиот конгресмен Енди Оглес од Тенеси даде радикална изјава во однос на војната меѓу палестинската терористичка група Хамас и Израел. Тој кажа свој став на прашањето на пропалестински активист за злосторствата извршени во енклавата.
На видеото, снимено минатата недела, кое деновиве се појави и на социјалните мрежи, може да се забележат активисти кои го прашуваат Оглес дали е свесен за „геноцидот што моментално се случува во Палестина“ и дали повикал на прекин на воените дејствија.
„Видов слики од уништени детски тела. Тие ги бомбардираат тие деца со моите даночни долари“, му кажа една жена на конгресменот.
На ова, конгресменот рече дека Палестинците треба да платат.
„Знаеш што? Мислам дека треба да ги убиеме сите, ако тоа те прави да се чувствуваш подобро. Хамас и Палестинците го напаѓаат Израел веќе 20 години. Време е да платат“, рече Оглс.
Оваа изјава предизвика гнев. На 7 октомври лани, Хамас почна со напади на Израел. Хамас уби над 1.200 израелски цивили, но и странци, а земаа и заложници од израелска националност и странци. Израел уби над 28.000 Палестинци во операцијата во Газа. Хамас бара формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим, но и пуштање на палестинските затвореници од затворите во Израел.