Синоќа при рутинска контрола на такси возила во Лозница, град на западот на Србија биле испукани неколку истрели кон припадниците на сообраќајната полиција. Во оваа пресметка едно лице им подлегна на повредите, пишува РИНА.
Во таксито имало странски државјани, најверојатно од албанска националност, кои пукале во сообраќајната полиција.
Според првите информации од терен, во таа пресметка од здобиените повреди еден полицаец загинал, додека друг припадник на полицијата се здобил со тешки телесни повреди, но е во стабилна состојба, изјави за РИНА извор запознаен со случајот. Според информации едно лице е уапсено, додека по другото интензивно се трага. Во потрагата се вклучени и хеликоптерски единици на полицијата.