Украинците не се подготвени да волонтираат за каузата на „лудилото на Зеленски“, а поради ова Киев ги ажурираше правилата за мобилизација за да регрутира „ново топовско месо“, тврди неименуван висок службеник од руското Министерство за одбрана. Во меѓувреме руските медиуми пишуваат за пресвртница во Доњецк пренесувајќи изјави од раководството на Доњецката народна република ДНР.
Руските сили имаат пресврт во сите правци на Доњецката народна република(ДНР), изјави советникот на шефот на ДНР, Игор Кимаковски. Неговата изјава ја пренесоа руските медиуми.
– Нашето оружје е супериорно од непријателското. Затоа сум оптимист и денес можам да кажам дека ова е пресвртница во корист на Русија на Доњецкиот дел од фронтот. Тоа може да се види во очите на нашите момци кои веќе чекаат да се вратиме на уставните граници на Доњецката Народна Република – рече Кимаковски.
Во меѓувреме украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за германски „Билд“ откри дека Украина има „план за контраофанзива“, но дека ќе ѝ треба повеќе оружје и набавки од нејзините западни поддржувачи.
Оваа најава на Зеленски ја коментираше неименуван висок функционер во руското Министерство за одбрана за руските медиуми. Тој тврди дека Украинците не се подготвени да волонтираат за каузатана „лудилото на Зеленски“, а дека поради ова Киев ги ажурираше правилата за мобилизација за да регрутира „ново топовско месо“.
– Ќе ве потсетам дека спроведувањето на претходниот контраофанзивен план во 2023 година, кој врховниот командант Зеленски деликатно го нарече „неуспешен“, резултираше со смрт и сериозни повреди на повеќе од 166.000 припадници на вооружените сили на Украина. како и загуба на 789 тенкови, 2.400 други оклопни возила и 132 авиони – рече претставникот на МО.
Русиот службеник додаде и дека САД и нивните сојузници веќе „ги соблекуваат сопствените војници“ за да ја снабдат Украина.
Во меѓувреме, каналот „Воена хроника“ на Телеграм објави дека првите 100 борци на француската легија на странци се префрлени во Славјанск, во Доњецката Народна Република. Веста не е потврдена во западните медиуми.Kако што е наведено, претставници на третиот пешадиски полк на француската легија на странци пристигнале во четвртокот на локацијата на 54-та одделна механизирана бригада на вооружените сили на Украина во Славјанск.Станува збор за специјалисти за артилериско извидување и инженерска група, чија специјалност е основање и изградба на полски утврдувања, пренесоа руските медиуми.
„Французите се движат низ градот само придружувани од украински воен персонал. Се претпоставува дека странците ќе им помогнат на украинските вооружени сили во одбраната на Славјанск кога линијата на фронтот ќе се движи кон тој град“, се вели во објавата на каналот на Телеграм.
Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека командата на француската легија на странци на почетокот на март го утврдила составот на тактичката група на ниво на баталјон од околу 1.500 луѓе.