Во соопштението се наведува дека Русија ја повикува Украина „да престане со секаква поддршка за тероризмот и да ги обештети жртвите од терористичкиот напад во Москва“.„Русија ги упати до украинските власти своите барања за итно апсење и екстрадиција на сите поврзани со терористичките акти за кои станува збор“, се вели во соопштението на Министерството и се нагласува дека „прекршувањето на обврските на Украина од меѓународните конвенции против тероризмот ќе повлекува нејзина меѓународна правна одговорност“.
Во соопштението се наведува дека меѓу оние кои Русија побарала да бидат екстрадирани од Украина е и Маљук, кој е началник на Службата за безбедност на Украина и кој признал дека неговата служба стои зад нападите на мостот што го поврзува Крим со руското копно, извршени откако Кремљ ја нападна Украина во февруари 2022 година.