Четири лица загинаа, а 16 се повредени во украинското гранатирање на живинарска фарма во селото Карпати во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), соопшти денеска претставништвото на ЛНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на режимот за прекин на огнот.Како што се наведува, во нападот била оштетена зградата на фармата, пренесува РИА Новости. Во септември минатата година официјална Москва објави припојување на Луганск и уште три украински региони кон Русија.
Едно лице загина во украинското гранатирање на центарот за привремено сместување на раселените жители на регионот Белгород, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.
– Вооружените сили на Украина гранатираа центар за привремено сместување во кој престојуваа цивили – стари луѓе и деца. Убиен е чуварот на оваа институција. Ранети се уште две лица. Тие се во тешка состојба и се на одделението за интензивна нега – напиша гувернерот.
На социјалните мрежи се појави видео од тенковите на 1-та словенска бригада кај Авдејевка.Војниците на 1-та словенска бригада на ДНР со заробен Т-64БВ прецизно го погодија утврденото подрачје на непријателот. Корекцијата е направена со помош на дронови.Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска побара од Украина и Русија да ги прифатат петте принципи за заштита на нуклеарната централа Запорожје.
Тој рече дека и по неколкумесечни напори, не можел да обезбеди договор меѓу двете страни за заштита на овој објект и намалување на ризикот од катастрофална нуклеарна несреќа што може да биде предизвикана од воени активности како што е гранатирањето, пренесува Ројтерс.