„Нивото на радијација не е зголемено и постојано се следи. Според првичните проценки, штетата на засолништето е значителна“, изјави Зеленски. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руско беспилотно летало вчеравечер ја погодило уништената нуклеарна централа Чернобил, пренесе Си-ен-ен. Украинската државна служба за итни случаи подоцна соопшти дека нивото на радијација останува во нормалните граници. „Руски напад на беспилотно летало со силна боева глава го погоди засолништето кое го штити светот од радијацијата во уништената четврта енергетска единица во централата“, рече Зеленски. Бетонското засолниште што ја покрива единицата е оштетено, додаде украинскиот претседател, а пожарот е изгаснат.„Нивото на радијација не е зголемено и постојано се следи. Според првичните проценки, штетата на засолништето е значителна“, изјави Зеленски. Видео објавено од Зеленски на социјалните мрежи покажува силен пулс на светлина што произлегува од голема структура, проследен со кула од чад што се издига на небото.
View this post on Instagram
<script async src=”//www.instagram.com/embed.js”></script>
Меѓународната агенција за атомска енергија на „Х“ напиша дека непосредно пред 2 часот по полноќ по локално време, нејзиниот тим на локацијата во Чернобил слушнал експлозија во засолништето кое ги штити остатоците од реакторот 4 на поранешната нуклеарна централа Чернобил. Единицата 4 во Чернобил, во близина на границата на Украина со Белорусија, експлодираше во 1986 година, испраќајќи широки радиоактивни облаци низ делови на Советскиот Сојуз и Европа. Подоцна беше обвиена во саркофаг од бетон и челик. Саркофагот беше дело на меѓународна коалиција и беа потреби децении за да се изгради. Конечно беше завршен во 2017 година и тежи 35.000 тони.
Инцидентот во Чернобил се случи неколку часа пред почетокот на Минхенската безбедносна конференција на високо ниво во Германија, каде што американскиот потпретседател Џеј Ди Венс треба да се сретне со Зеленски. Европските лидери се загрижени од бомбашката најава на американскиот претседател Доналд Трамп дека преговорите за завршување на војната во Украина ќе започнат „веднаш“, откако тој одржа „многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин во средата. Извор: Новинска агенција МЕТА