Кардиологот и пасиониран планинар Сашко Кедев го искачи врвот Шишапангма, висок 8.027 метри, кој целосно се наоѓа во Тибет. Ова е 12. врв повисок од 8.000 метри што Кедев досега го има освоено и му остануваат уште два за да ја заокружи листата.
Како што објави организаторот на турата „Имеџин Непал“, Кедев бил дел од меѓународна група планинари која утрово се искачила на Шишапангма. Во екипата имало и седуммина Непалци, Американец, Јапонец и Пакистанец. Пред Шишапангма, Кедев оваа година ги искачи и Макалу, Лоце и Гашербрум 2, па му остануваат само уште Кангченѕунга (8.586 метри) и Гашербрум 1 (8.068) за да го комплетира подвигот.