СДСМ со намалување на цените над 500 прехранбени производи останува посветена на заштита на животниот стандард на граѓаните.
Со одлука на Владата предводена од СДСМ се намалуваат цените на лебот, оризот, месото, млекото, јогуртот, сирењето, кашкавалот, брашното, јајцата, овошјето, зеленчукот, како и пекарски производи, бисквити, тестенини, салами, павлака.
Прехранбените производи од 25 категории ќе се продаваат за 10 проценти пониска цена во однос на цената по која што се продавале на 1 август.
Кај дел од производите кај кои од август до сега е забележано енормно покачување на цените може да има поевтинување и за 30 проценти.Замрзнатите цени важат до 30 ноември и значително ќе ги намалат секојдневните трошоци на граѓаните.СДСМ со оваа мерка го заштитува стандардот на граѓаните, но и влијае на намалување на инфлацијата.