Скопје, 27 март 2025 година. Симулациска вежба за појава на болеста чума кај мали преживари (Peste des petits ruminants) завршува денес во Северна Македонија. Вежбата беше организирана од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Северна Македонија со поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и експерти од Агенцијата за безбедност на храна на Бугарија. Чумата кај малите преживари е високо заразна вирусна болест која ги погодува козите, овците, друг ситен добиток и дивите животни. Симптомите кај засегнатите животни вклучуваат висока температура и депресија, проследени со исцедок од очите и носот. Животните не можат да јадат, бидејќи нивната уста се покрива со болни рани, а истовремено страдаат од тешка пневмонија и дијареја. Откако еднаш ќе навлезе, вирусот може да зарази 90 до 100 проценти од подложната популација. Иако стапката на смртност варира, во тешки случаи може да достигне од 50 до 100 проценти. Оваа болест е тесно поврзана со вирусот на чума кај говедата (rinderpest), кој беше прогласен за искоренет на глобално ниво во 2011 година. Додека чумата кај говедата е успешно елиминирана, напорите за контрола и конечно искоренување на оваа смртоносна болест кај малите преживари продолжуваат. Појавата на чумата кај малите преживари во Европа, вклучително во Бугарија, Грција, Романија и Унгарија, ја нагласува потребата од превенција и контрола на оваа болест. Директорот на АХВ, Оливер Миланов, на отворањето на симулациската вежба ја нагласи важноста на вежбата за превенција и за проценка на ефикасноста на постојниот систем за заштита од болеста. Тој посочи дека болеста од минатата година е присутна во регионот и пошироко во Европа, и дека АХВ веднаш го активираше алармот за сериозен и координиран пристап кон нејзината превенција.
„Засега успеваме заеднички да се заштитиме од болеста, која многу брзо и лесно може да ја зафати и нашата земја – особено во услови на динамична економија во европски и глобален контекст. Досега потврдивме извонредна, блиска и професионална соработка со сите чинители вклучени во системот за заштита од појава и ширење на чумата кај малите преживари – болест од А категорија, која бара спроведување на највисоки стандарди и мерки за заштита,“ изјави Миланов. Обраќајќи се на работилницата, Еран Раизман, ФАО експерт за здравје на животните во сточарството, истакна дека „чумата кај малите преживари претставува една од најголемите економски закани за фармерите кои се потпираат на малите преживари за својата егзистенција. Оваа обука ја зајакнува свесноста за болеста, обезбедува знаење за надзор, рано предупредување и системи за пријавување, како и добри практики за биосигурност, кои се клучни за нејзина превенција и сузбивање. Мултисекторски партнерства и координација со сите засегнати страни се неопходни за да се обезбеди искоренување на оваа болест.“ Во тридневната симулациска вежба учествуваа претставници од АХВ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ветеринарната комора на Северна Македонија, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија и членови на Сојузот на здруженија на одгледувачи на овци ’’Модерен овчар”. Првиот ден, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, се одржа теоретско-практичен дел од симулациската вежба, посветен на презентации за болеста, клиничките знаци, земањето и пакувањето на примероци, надзорот и методите за сузбивање. Учесниците, исто така, добија преглед на искуствата на земјите од регионот кои се соочиле со оваа болест. Вториот ден во с. Брњарци, општина Гази Баба, се одржа теренскиот дел од вежбата, посветен на практична примена на различни процедури, како што се клинички преглед, земање на примероци, истражување на појава на жариште на болеста, како и активности поврзани со отстранување на угинати животни, чистење и дезинфекција по појава на болеста. Последниот ден ги сумираше наодите и препораките за подготвеност, вклучувајќи дискусија за психолошката поддршка на фармерите и ветеринарите за време на епидемии, како и измените во националниот план за итни мерки. Вредноста на овие вежби надминува едноставното идентификување на слабости во подготвеноста. Тие претставуваат и моќни методи за градење капацитети и создавање можности за ветеринарниот персонал да ги унапреди своите вештини. Слична симулациска вежба беше спроведена во периодот од 10 до 11 март 2025 година со поддршка на ФАО, во соработка со АХВ, со фокус на африканската свинска чума – смртоносна болест на свињите и дивите свињи, која е присутна во регионот. Корисни линкови: Peste des Petits Ruminants Global Eradication Programme (PPR-GEP) Глобална програма за искоренување на чумата кај малите преживари (PPR-GEP) Веб-страница на ФАО за чумата кај малите преживари (PPR) FAO Alert: European countries to enhance preparedness for combating Peste des petits ruminants ФАО аларм: Европските земји ја зајакнуваат подготвеноста за борба против чумата кај малите преживари
КОНТАКТ ЗА МЕДИУМИТЕ: Специјалист за комуникации и мониторинг, ФАО Тел.: +389 71 21 23 08
|
Најново
(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Нов гасоводен интерконектор, дигиталната инфраструктура ќе биде мотор за напредок, над 10 милиони денари за промоција на земјоделството
Јаневска: Во соработка со швајцарската Хелветас и шведски Волво, развиваме нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила
Ковачки: Заврши времето на уцени и закани од ДУИ, потребно е да ги исчистат криминалците од своите редови и да се реформираат
Стаменкоска Трајкоска: Владејачкото мнозинство е стабилно, победник на локалните избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ
Ковачки: Членови на Судски совет служат на луѓе кои жестоко се борат да ја задржат моќта во правосудството со цел да се спасат од постапките за криминал
Стојаноски: Ќе го понудиме целиот политички легитимитет на локалните избори, работиме на конкретен план и програма
Индија изврши напад врз Пакистан по масакрот во Кашмир, Пакистан тврдат дека собориле пет индиски авиони
Две грабнувања во Тетово, едната жртва била малолетник кој што бил претепан со тупаници и железна палка
ИРЛ: Пратениците немаат храброст да започнат надзорна расправа за Кочани, Тетово и автобуските несреќи
Николски за заемот од шест милијарди евра: Не знам како е пласирана информацијата, но делот дека толку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол…
Под мотото Инженерството ја гради иднината – на 9-10 мај по петти пат ке се одржи меґународен конгрес Science@FEIT
Guns N’ Roses ја отворија турнејата со сет листа од 22 песни, а на следниот концерт додадоа 6 нови песни – што не чека во Белград на 18 јули
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше еко-смарт настан во дворот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје
181 студент остана без студентски оброк поради користење на семејна пензија, Јаневска најави дека проблемот ќе биде решен
МОН: ниту еден студент нема да го изгуби правото на субвенциониран студентски оброк заради користење семејна пензија
МЗШВ: На 54 здруженија доделени договори во вкупен износ од 10.094.050 денари, ги поддржуваме локалните манифестации
Димитриеска-Кочоска од Евроазискиот економски самит – Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард за сите граѓани
ЗНАМ: Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската политичка сцена, отвораат стари теми кои се отворени и затворени за јавноста пред повеќе од 9 месеци
Јаневска: демократското образование создава активни генерации кои се свесни за човековите права и одговорно се однесуваат
(ВИДЕО) 5 фирми покажуваат како се прават пари во Штип: Лани имале профит поголем од 16 милиони евра
(ВИДЕО) Во ГРУЗИЈА, мажите од, цело семејство клекнале на колена и побарале прошка затоа што член од нивното семејство прегазил човек од друго семејство
(ВИДЕО) Александар Николоски – ПЕТ НОВИ АВТОПАТИ ДО 2029: Македонија ќе биде европски центар за карго транспорт – НИКОЛОСКИ
СИЛНО ПРИЈАТЕЛСТВО И СИЛНА ПОДДРШКА Сиљановска Давкова го пречека хрватскиот колега Милановиќ во Скопје
ШТО БАРА ЛИДЕРОТ НА СДСМ ВО ДРУШТВО СО УЖИВАТЕЛИ НА ДРОГА? Манасиевски објави слики од Филипче и Андон Стојков
ЕКС-ДИРЕКТОР НА СТРУМИЧКИ „КОМУНАЛЕЦ“ ЈА ИЗДАВАЛ КАПЕЛАТА НА ГРОБИШТАТА Претпријатието заработило 30.000 евра преку двоен договор со фирма
НА СВОЈА РАКА ВРАБОТИЛ 127 ЛИЦА, ИМ ИСПЛАТИЛ 350.000 ЕВРА Пријава за екс-директор на Здравствениот дом во Куманово
ЗГРОЗЕНИ СМЕ, ЃУБРЕТО ВО ФУДБАЛОТ МОРА ДА СЕ ИСЧИСТИ Засрамени сме од сцените во Гевгелија, реагира ФФМ
АСОМ ДОНИРАШЕ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Солидарноста е клучна за надминување на последиците
СТОПАНСКА БАНКА ДОНИРАШЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ОД КОЧАНИ 200 засегнати семејства ќе добијат 250.000 евр
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“
МАКЕДОНСКИ КАМИОНИ СО ХРАНА НЕОПРАВДАНО СЕ ЗАДРЖУВААТ НА КОСОВСКАТА ГРАНИЦА Азески и неговиот косовски колега Рафуна ќе се обидат да го решат проблемот
Во 1981 година Xerox корпорацијата ја претстави Xerox Star 8010, работна станица која го вклучува првиот комерцијално достапен компјутерски глушец
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКО КРЕДИТНО БИРО И АУЕ-ФОН Заеднички чекори кон знаење и практична подготвеност
(ВИДЕО) И ИНДИЈА И ПАКИСТАН ИМААТ ПО 180 НУКЛЕАРНИ БОЕВИ ГЛАВИ Во случај на нуклеарен армагедон би загинале 150 милиони луѓе
ПАКИСТАН ГО ПОВИКА ИНДИСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР Се засилуваат дипломатските тензии меѓу двете нуклеарни сили
СРАМОТА Е ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА МЕЃУ ИНДИЈА И ПАКИСТАН Трамп, Путин и Гутереш повикаа на смирување на тензиите
(ВИДЕО) СИРЕНИ ЕЧЕЛЕ И ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНУВАЛЕ ВО КИЕВ Русија изврши масовен напад неколку часа пред примирјето на Путин
Ујдурми на Димитриевски и неговиот кум за продажбата на плацот на кој ке се гради Лидл во Куманово. Очекувано општината даде изим да се смени ДУП-от
Од локална акција до регионален ефект: Собирните центри сe клучни за ефикасен систем за управување со отпад
ЕК поднесе тужба против Бугарија поради неспроведување на Директивата за право на пристап до адвокат
ОЈО ќе го гони зетот на Зоки Фаци кој намерно подметна пожар во куќата и станот на сопругата: На 1 мај прво се заканувал, а потоа ја реализирал заканата
Вчитувам....