Скопје, 27 март 2025 година. Симулациска вежба за појава на болеста чума кај мали преживари (Peste des petits ruminants) завршува денес во Северна Македонија. Вежбата беше организирана од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Северна Македонија со поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и експерти од Агенцијата за безбедност на храна на Бугарија.
Чумата кај малите преживари е високо заразна вирусна болест која ги погодува козите, овците, друг ситен добиток и дивите животни. Симптомите кај засегнатите животни вклучуваат висока температура и депресија, проследени со исцедок од очите и носот. Животните не можат да јадат, бидејќи нивната уста се покрива со болни рани, а истовремено страдаат од тешка пневмонија и дијареја. Откако еднаш ќе навлезе, вирусот може да зарази 90 до 100 проценти од подложната популација. Иако стапката на смртност варира, во тешки случаи може да достигне од 50 до 100 проценти. Оваа болест е тесно поврзана со вирусот на чума кај говедата (rinderpest), кој беше прогласен за искоренет на глобално ниво во 2011 година. Додека чумата кај говедата е успешно елиминирана, напорите за контрола и конечно искоренување на оваа смртоносна болест кај малите преживари продолжуваат. Појавата на чумата кај малите преживари во Европа, вклучително во Бугарија, Грција, Романија и Унгарија, ја нагласува потребата од превенција и контрола на оваа болест. Директорот на АХВ, Оливер Миланов, на отворањето на симулациската вежба ја нагласи важноста на вежбата за превенција и за проценка на ефикасноста на постојниот систем за заштита од болеста. Тој посочи дека болеста од минатата година е присутна во регионот и пошироко во Европа, и дека АХВ веднаш го активираше алармот за сериозен и координиран пристап кон нејзината превенција.
„Засега успеваме заеднички да се заштитиме од болеста, која многу брзо и лесно може да ја зафати и нашата земја – особено во услови на динамична економија во европски и глобален контекст. Досега потврдивме извонредна, блиска и професионална соработка со сите чинители вклучени во системот за заштита од појава и ширење на чумата кај малите преживари – болест од А категорија, која бара спроведување на највисоки стандарди и мерки за заштита,“ изјави Миланов. Обраќајќи се на работилницата, Еран Раизман, ФАО експерт за здравје на животните во сточарството, истакна дека „чумата кај малите преживари претставува една од најголемите економски закани за фармерите кои се потпираат на малите преживари за својата егзистенција. Оваа обука ја зајакнува свесноста за болеста, обезбедува знаење за надзор, рано предупредување и системи за пријавување, како и добри практики за биосигурност, кои се клучни за нејзина превенција и сузбивање. Мултисекторски партнерства и координација со сите засегнати страни се неопходни за да се обезбеди искоренување на оваа болест.“ Во тридневната симулациска вежба учествуваа претставници од АХВ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ветеринарната комора на Северна Македонија, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија и членови на Сојузот на здруженија на одгледувачи на овци ’’Модерен овчар”. Првиот ден, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, се одржа теоретско-практичен дел од симулациската вежба, посветен на презентации за болеста, клиничките знаци, земањето и пакувањето на примероци, надзорот и методите за сузбивање. Учесниците, исто така, добија преглед на искуствата на земјите од регионот кои се соочиле со оваа болест. Вториот ден во с. Брњарци, општина Гази Баба, се одржа теренскиот дел од вежбата, посветен на практична примена на различни процедури, како што се клинички преглед, земање на примероци, истражување на појава на жариште на болеста, како и активности поврзани со отстранување на угинати животни, чистење и дезинфекција по појава на болеста. Последниот ден ги сумираше наодите и препораките за подготвеност, вклучувајќи дискусија за психолошката поддршка на фармерите и ветеринарите за време на епидемии, како и измените во националниот план за итни мерки. Вредноста на овие вежби надминува едноставното идентификување на слабости во подготвеноста. Тие претставуваат и моќни методи за градење капацитети и создавање можности за ветеринарниот персонал да ги унапреди своите вештини. Слична симулациска вежба беше спроведена во периодот од 10 до 11 март 2025 година со поддршка на ФАО, во соработка со АХВ, со фокус на африканската свинска чума – смртоносна болест на свињите и дивите свињи, која е присутна во регионот. Корисни линкови: Peste des Petits Ruminants Global Eradication Programme (PPR-GEP) Глобална програма за искоренување на чумата кај малите преживари (PPR-GEP) Веб-страница на ФАО за чумата кај малите преживари (PPR) FAO Alert: European countries to enhance preparedness for combating Peste des petits ruminants ФАО аларм: Европските земји ја зајакнуваат подготвеноста за борба против чумата кај малите преживари
КОНТАКТ ЗА МЕДИУМИТЕ: Специјалист за комуникации и мониторинг, ФАО Тел.: +389 71 21 23 08
|
Најново
Кисела Вода славеше роденден со рекордна посетеност – Ѓорѓиевски: Ова е само увертира на она што следува
ВУЧИЌ ВЕТУВА СТРОГА КАЗНА БЕЗ ПОМИЛУВАЊЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ Брнабиќ вели дека студентите повикале на граѓанска војна и на убивање на Србија
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ИЗЛЕГУВА ОД КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ На локалните избори ќе оди со владејачката ВМРО-ДПМНЕ
Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ: Оставете не да си ја тераме нашата македонска работа, на македонски начин
ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ: Осврт кон настапот на Massive Attack на Skopje Calling 2025 – аудиовизуелна инјекција на совест и звук
Два, од трите ,,ер трактори”, се уште се на сервис, пензионираните двајца пилоти повторно ќе бидат во првата ,,борбена линија”
МИЦКОСКИ: Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене
ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди-Македонија ќе стане земја што извезува електрична енергија, исплата на субвенции во земјоделството и нови инвестиции во Тетово
Тошковски го отвори Европското првенство во џудо за кадети – потпишан и меморандум за разбирање за соработка и обука на полициските службеници
КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, АРХАНГЕЛ, МИЗАР, ФОЛТИН, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ, САРС, ПАРКЕТИ НА Д ФЕСТИВАЛ: Славиме јубилејно 15. издание со СЛОБОДЕН ВЛЕЗ за целата тридневна програма на Д Фестивал 2025! Придружи ни се ОВОЈ ВИКЕНД, од 4 до 6 јули во Штип!
(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога ќе и истече мандатот на Данела, ќе има ревизија на нејзината работа и можно е да заврши во затвор
Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини
ВМРО ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања, време е за промени и одговорно водство
Ослободен е македонскиот камионџија кој беше уапсен по несреќа кај Солун во која загинаа татко и син
Трипуновски: Владата е посветена кон подобрување на условите за земјоделците и инвестира во поддршка на младиот земјоделски кадар
(ВИДЕО) ЛАТАС: Сигурен сум дека ова не му е прво убиство на Палевски, дознавме дека планирал убиства на директорите на Гранит и Комерцијална Банка
Вучевска Петковска: Сашко Митовски е прочитана приказна во Крива Паланка, мандатот му помина во скандали, долгови и партизација на општината
(ВИДЕО) ЛАТАС: Многу е стресно новинарството, здравјето го изгубив поради него, ама пак би го работел кога би се вратил пред 30 години
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Герасимовски: „Центарска симфонија” ги сплоти скопјани, Тарабунов и граѓаните пееја и танцуваа на најпознатите филмски евергрини
(ВИДЕО) ЛАТАС СО ПРЕДЛОГ: Владата да изгласа државата да ја плаќа алиментацијата на разведените жени, па после кривично да ги гони оние мажи што не плаќаат алиментација
Најнов туристички успех во Дојран. Урбанизација на плажите. Буквално се гради зграда на сама плажа кај ресторанот Фук Так
ФОТО | Спектакл каков што ретко се доживува: „Масив атак“ ѝ приреди звучна и визуелна магија на публиката во Скопје
Најмалку 23 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во последните руски напади со дронови низ Украина
ПЕЏА: Се плашам дека изедначувањето на извештајот со „ќе нѐ биде или не“ во смисла на идентитетот, може за нас, дури и ако се изгласа извештајот, да се покаже како пирова победа
(ВИДЕО) ВУЧИЌ ДО ДАЧИЌ: Ти си вечно на власт, само две години не си бил на власт во последните 30 години…
(Видео) Снимка од дрон од вчерашниот протест во Белград: олку нè затру со омраза и поделби, што повеќе не знаеме кој ни е брат, а кој непријател
(Видео) Пожар во Визбегово, ЦУК апелира институциите итно да преземат мерки за заштита на граѓаните и животната средина
ДЕРАЛА: Мицковски ме доби на суд за клевета, судот се повика на европската конвенција за човекови права
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули
(Фото) Спасувачка акција во Охридското Езеро: Полицијата спаси четири лица на кои им се скршила едрилицата
СДК: ВАКВИ НЕ ПРИМАМ ВО КОЛА, МУ РЕКОЛ СКОПСКИ ТАКСИСТ НА ЛИЦЕ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И ОДБИЛ ДА ГО ВОЗИ
ОВА НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕ БИЛО ДОБРА ВЕСТ Германската влада го забрзува процесот на купување оружје и опрема
(ФОТО) ЗАГИНАА ТАТКО И СИН: Страшна семејна трагедија попладнево кај Солун – возач на камион од Македонија е уапсен!
Вчитувам....