Тој предупреди на можни појави на земјотреси во регионот по смртоносниот земјотрес во Мароко на 8 септември и потсети дека југот на Шпанија и северот на Мароко претставуваат области со силна сеизмичка активност.
Според пресметките, зголемувањето на активноста би можело да достигне магнитуда од шест степени според Рихтеровата скала, што ќе доведе до создавање на цунами во крајбрежните области.Сеизмологот посебно се осврна на бреговите на Мароко, Португалија и Шпанија, кои ги смета за „опасни зони“.
Инаку, Хугербетс вели дека во своите предвидувања користи метод кој ја следи геометријата на небесните тела.Според неговото мислење, земјотресите се резултат на дејството на привлечните сили на планетите од Сончевиот систем, а во тоа е особено важно влијанието на Месечината, пренесува ТВ „Антена 3“.
Хугербетс даде точна прогноза за земјотресот што ја погоди Турција во февруари оваа година, но во 2015 година погрешно процени дека земјотресот ќе се случи во Соединетите Американски Држави.Сепак, Американскиот геолошки институт (USGS) предупредува дека е невозможно да се предвиди земјотрес и дека ниту еден научник досега не успеал да го направи тоа.