Најголем дел од богатството го стекнала од брендот за шминка „Ретка убавина“ (Rare Beauty), кој го лансираше во 2020 година.
Селена Гомез официјално стана милијардерка. Таа постигна исклучителен успех како пејачка и актерка, но и како претприемач. Селена сега е меѓу најмладите милијардери во САД. Нејзиното вкупно богатство се проценува на 1,3 милијарди долари. Најголем дел од богатството го стекнала од брендот за шминка „Ретка убавина“ (Rare Beauty), кој го лансираше во 2020 година.
Според „Тајм“, нејзиниот бренд „е најпродаваниот производ на „Сефора“ и е достапен во 36 земји и продолжува да заработува повеќе пари. Минатата година, најпопуларниот производ на нејзиниот бренд беше течно руменило од 23 долари. Со глума се занимава уште како дете, а позната е и по хитовите „Calm Down“ и „The Heart Wants What It Wants“. Гомез се занимава и со менталното здравје преку платформата „Wondermind“ и е трета најследена личност на Инстаграм со 424 милиони следбеници.
Селена во декември лани потврди дека 6 месеци е во врска со Бени Бланко кого го нарече „најдоброто нешто“ што ѝ се случило и дека се однесува со неа „подобро од секое човечко суштество на оваа планета“. Селена и Бени се познаваат со години бидејќи соработуваа со Џеј Балвин и Тејни на песната „I Can’t Get Enough“ од 2019 година.