По казната која ја заработи од Град Скопје, на терен излегоа пазарниот и градежниот инспекторат, како и од одделението за економски и компјутерски криминал од МВР, но тоа очигледно не ги предомисли сопствениците на паркот. Наместо да ги пакува куферите, патувачкиот забавен парк се шири на полјаната во близина на СЦ Борис Трајковски. Иако без дозвола за работа и со насока да се дислоцираат, таму се монтираат нови реквизити.
Забавниот парк во моментов не работи па оттука е нејасно зошто се монтираат нови реквизити. Сопствениците велат дека се на приватен имот и оти не прекршуваат закони, иако градските власти веќе им издадоа парични казни, бидејќи нивните вработени не поседувале сертификати и лиценци за монтирање и управување со реквизитите.
По казната која ја заработи од Град Скопје, на терен излегоа пазарниот и градежниот инспекторат, како и од одделението за економски и компјутерски криминал од МВР, но тоа очигледно не ги предомисли сопствениците на паркот.