За професорката Мирјана Најчевска, состојбата што сега ја реализираат политичарите од Грција претставува гфлагрантно кршење на договорот од Преспа.
„Ова е флагрантно кршење на договорот од Преспа.
Еден акт се нарекува договор затоа што го склучиле две страни кои презеле одредени обврски. Во договорот нема одредби со кои се условува постапувањето на било која од страните. Или се почитува или не. Мене ми се допаѓа договорот од Преспа (за разлика од договорот со Бугарија кој е исклучително лош). Ама ај да престанеме да се посипуваме со пепел и да се поставиме како договорна страна, а не како некој кому му уделуваат милостина. Ајде да пробаме вака, се додека Грција не ги потпише протоколите ние нема да ги почитуваме одредбите кои се однесуваат на употребата на името Северна Македонија“