По повод 8 Септември – Денот на независноста, во касарната „Илинден“ во Скопје синоќе во 19 часот се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.
Како што информираат од Гернералштабот на Армијата, претходно, во попладневните часови во период по 18 часот беше извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.