Причината за оваа средба се заедничката соработка и политичките активности, а во наредните денови се очекува и официјално формализирање на соработката со Таравари.
“Станува збор за работна средба, на која ќе ги дискутираме соработката, синхронизацијата на заедничката платформата, визиите, агендите, средбите со граѓаните и пошироко”, рече Меџити.“Дојдени сме на кафе и разговор со градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијансата, на разговор за предизвиците што не очекуваат. Промената е започната. Се очекува формализирање на соработката во наредните денови” изјави Касами за Лајм.
По завршувањето на работниот состанок Таравари изјави дека по средбата со членовите ва претседателството и на собранието на АА добиена е согласност за продолжуванје на разговорите со албанаките опозициски партии и за синхроизација на заедничката платформа. Запрашан дали се уште е во важност понудата за претседателската кандидатура. Таравари изјави дека понудата е се уште активна и ќе се разгледува во наредниот период.