Тој додаде дека во текот на денот очекува да се воспостави контрола врз големиот пожар што со денови гори на планината Серта.„Ќе полетаат и сите „ер-трактори“, три на ДЗС и два турски „ертрактори“ заедно со хрватскиот канадер кон планинатат Серта на територијата на Општина Штип позади селото Драгоево. На сите места каде ќе дејствуваат воздухопловите, на земја имаме противпожарни единици на кои им се придружуваат 100 војници од Армијата и 30-тина припадници на полицијата“, рече Ангелов.
Тој најави дека денеска се очекува да слета и авионот Херкулес од Романија, што носи т.н. водни бомби од повеќе од пет тона. Заедно со него ќе слета уште еден авион кој му служи како логистика.Низ целата држава има уште неколку пожари, кои ќе бараат воздушна поддршка, во Општините Чашка, Долнени, Студеничани, Зелениково, под врвот на Солунска глава има пожар, како и пожарот веднаш до Радовиш.