Пред почетокот на седницата на Генералното собрание на ОН се случи скандал. Обезбедувањето на ОН се обиде да го отстрани знамето на Србија кое го носеше делегацијата на претставниците на српските жртви од Босна и Херцеговина, пренесува српски „Курир“. Во Њујорк во тек е Генералното собрание на ОН каде ќе се гласа за резолуцијата за Сребреница.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во седиштето на ОН, а во пресрет на седницата, Вучиќ порача дека Србија на секој можен начин треба да се бори за интересите на својот народ. „Ќе им одговорам силно и храбро колку што имам храброст. Со се што имам – храброст, знаење и сила ќе им одговорам. И искрено ќе им одговорам. Ќе им одговорам, ќе се бориме. Нашата нација не е геноциден народ “, порача српскиот претседател.