Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески гостуваше во „Студио 10“ на ТВ24. Тој зборуваше за изминатите актуелни случувања и препукувања со градоначалничката Данела Арсовска. Ја нарече Арсовска грешка во проценката на ВМРО-ДПМНЕ при изборот кому да се даде поддршка на локалните избори.
-Тоа е погрешна проценка на органите и телата на ВМРО-ДПМНЕ – извршниот и централниот комитет. Сепак, оние кои имаат извесни резерви ќе треба да го прифатат мислењето на мнозинството – рече Славески.
Освен дека нејзиниот избор бил грешка, Славески ја нарече Арсовска „шоумен кој шета со микрофонот“.
-Се движи како шоумен низ салата со микрофон. Во Советот на Град Скопје таа е гостин, а таа не го разбра тоа. Замислете, добивам прашања дали Данела сака да се пресмета физички со мене. Онаа жестина кон луѓето кои ја донесоа на позиција е непримерен и несфатлив и мора да има нешто подлабоко во тоа – заклучи Славески.