Според информациите, слонот пиел алкохол од буре во плантажа со бетел ореви. Слонот се здобил со полесни повреди додека се обидувал да избега од нападот. Слон направи хаос во селото Дам Дим, во областа Џалпаигури, северна Индија, откако испил алкохол. Инцидентот се случил на 1-ви февруари и предизвикал голем страв кај мештаните. На снимката од местото на настанот се гледа како багер се обидува да избрка пијан слон, што само дополнително го провоцира животното и го натера да го нападне возилото. Подоцна, слонот се свртел и се упатил кон видиковецот, поради што селаните почнале панично да бегаат. Слонот ја соборил конструкцијата, а парчиња бетон паднале на земја. На снимката се гледа и човек кој во страв скока од кулата. Додека слонот продолжил понатаму, селаните почнале да го напаѓаат – некои му ја повлекле опашката, додека други го удирале со дрвени стапови или фрлале цигли по него.
Неколку моменти подоцна полицијата го запленила багерот поради незаконско провоцирање животно. Според информациите, слонот пиел алкохол од буре во плантажа со бетел ореви. Слонот се здобил со полесни повреди додека се обидувал да избега од нападот. Шумските власти и полицијата набрзо стигнале на местото на настанот, употребиле звучни бумови за да го насочат слонот кон шумата и на крајот го конфискувале багерот поради провоцирање на животното.