13.8 C
Скопје
01/06/2025 06:10
МАКТЕЛ

     

Советот за соработка со граѓанското општество мора да проработи во интерес на граѓаните

      

Целта на постоењето на Советот е јасна – унапредување на дијалогот меѓу Владата и организациите, со што би се поттикнал и развој на граѓанскиот сектор. Сепак, реалноста е поинаква. Развој на таа соработка нема, а сè започнало откако претходната Влада го скратила буџетот и парите за граѓански организации ги дала на Министерството за политички систем, а во тој период со него раководел Артан Груби Совет за соработка со и развој на граѓанското општество.

Ова советодавно тело на Владата, чија цел е исклучително значајна и потребна во едно демократско општество, е формирано со владина одлука во 2016 година, која е објавена на веб-страницата на Советот. Сепак, од 2022 година, неговите членови не заседававаат и телото не функционира, па следствено, веќе втора година ја уназадува соработката и поврзаноста на институциите со граѓаните.

   

Зошто е важно делувањето на едно вакво тело во општеството? Која е неговата улога? Зошто неговите членови не заседавале од 2022? Како да се одглави советот и конечно да започне и да се гради соработката меѓу Владата и НВО секторот, во интерес на граѓаните?

Две години бојкот

Според одлуката за формирање, во ова тело треба да членуваат 14 претставници државната управа, како и 13 членови кои ги назначува Владата, а се избрани преку јавен повик, на предлог на организациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации. Целта на постоењето на Советот е јасна – унапредување на дијалогот меѓу Владата и организациите, со што би се поттикнал и развој на граѓанскиот сектор. Сепак, реалноста е поинаква.

Развој на таа соработка нема, а сè започнало откако претходната Влада го скратила буџетот и парите за граѓански организации ги дала на Министерството за политички систем, а во тој период со него раководел Артан Груби. За тоа, што се случувало, за Мета.мк објаснува Снежана Камиловска Трповска од Меѓународниот центар за меѓународна соработка, како членка на ова тело. Советот за соработка, една година по своето формирање во вториот мандат прекина со работа т.е. премина во бојкот во 2022 година.

За жал, веќе на почетокот на 2022 година се увиде дека перцепцијата на тогашната Влада беше дека ова тело е повеќе проформа, па во клучни одлуки за развој на граѓанското општество, не беше вклучено. Имено, со носењето на тогашниот буџет беа скратени целосно средствата за граѓанските организации од Генералниот секретаријат при Владата, без било какви консултации и беа префрлени во тогашното Министерство за политички систем.

Имено, во состојба кога требаше да се дискутира за зголемување на државното финансирање на граѓанските организации, како што беше предвидено и во програмата на Владата, се соочивме со кратење на средствата. За реална реформа, пак, не ни стануваше збор да се реализира, вели Камиловска Трповска. И покрај тогашните барања до Владата и тоа на највисоко ниво за остварување на средба и надминување на предизвиците, средба не се одржала. „Оваа состојба доведе да членовите на Советот од редот на граѓанските организации речиси две години бидат во бојкот.

Пред да дојде до бојкотот, Советот имаше свои редовни средби на кои се дискутираа прашања како Стратегијата за развој, прашања поврзани со финансирање на организациите, нивна афрмација. Целта на ова тело е исклучително значајна и потребна во едно демократско општество. На овој начин се прикажува спремноста на државата за реална дискусија и консултација со граѓанското општество за прашања од значење за развој на општеството и спремност да се носат одлуки во еден транспарентен и конструктивен процес“, смета Камиловска Трповска.

Таа потенцира дека функцијата на ова тело е да се унапреди и состојбата во која се наоѓа граѓанското општество во државата и да се прикаже дека е реален партнер во креирање на политики поврзани со развојот на општеството. „Токму затоа и во последните два извештаја на ЕУ за напредокот на државата како забелешка се даваше нефунцинирањето на Советот како тело кое треба да биде мост меѓу граѓанските организации и Владата“, додава таа.

Има ли предизвици што треба да се надминат со новата Влада?

Додека членовите на граѓанското општество во Советот ја бојкотираа работата, се оформи впечаток дека беше стопиран процесот на реформата на моделот за државното финансирање на граѓанското општество. Има ли предизвици со новата Влада кои треба да се надминат за да се воспостави нов Совет и да се забрза процесот на усвојување нов модел за државното финансирање?

И покрај фактот дека постоеше активна работна група за ова прашање (составена во еден инклузивен процес), предлози беа направени, сепак сеуште се „тапка“ во место и измени на Законот за здруженија и фондации уште не се направени.

Сето ова се предизвици со кои се соочува новата Влада, но очекувањата на граѓанските организации се исти. Да видиме транспарантен процес за избор на членови на Советот, чиј мандат е веќе завршен. Ова тело да има реална функција и да биде активно во залагањата за развој. На крај, да продолжи со работа работната група за моделот на државно финансирање и Законот за здруженија и фондации, со цел да во најкус можен рок се започне со реални реформи. За сето ова се надеваме дека во Програмата на Владата ќе видиме реални заложби и рокови кои ќе бидат испочитувани, нагласува Камиловска Трповска.

На оваа тема позборувавме и со Уранија Пировска, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права. „Во март 2022 година, претставниците на граѓанските организации во Советот за соработка одлучија да ја бојкотираат работата на ова тело. Причината беше што Владата без консултации и без да го информира Советот, одлучи мандатот за распределбата на буџетските пари за невладиниот сектор да го префрли во Министерството за политички систем, но главната причина беше начинот на кој тоа беше направено.

Дотогаш парите наменети за граѓанскиот сектор што се однесуваат на приоритетите на Владата ги распределуваше Генералниот секретаријат врз основа на претходно усвоена програма што ја подготвуваше Советот, односно заедно владините претставници и граѓанскиот сектор. Проблемот со одлуката донесена на владината седница од 27 септември 2022 година беше што таа беше донесена без никакви консултации со Советот“, вели Пировска.

Скусениот буџет го налути НВО-секторот

Проблеми се насетуваа и претходно, додава Пировска, кога во буџетот за 2022 година, што беше испратен на собраниска расправа, се виде дека нема пари за невладините организации. На 30 јануари лани, побаравме средба со тогашниот премиер Димитар Ковачевски, во соопштение за јавност укажавме дека работењето на Советот беше оневозможено со владиното игнорирање на неговите клучни препораки и заклучоци, што е негова основна надлежност како советодавно тело на Владата.

Функционирањето на Советот на едно повисоко ниво го издигна финансирање на граѓанскиот сектор, а предложената реформа во финансирањето на граѓанските оганизации влезе во програмата на Владата. Советот работеше со хоризонтална поставеност што беше препорака од Брисел, заради негова поголема заштита и независност.

Во извештаите на Европската комисија формирањето и работата на Советот беше оценета позитивно, но поважно е што граѓанскиот сектор е и треба да остане партнер на власта во спроведувањето на активностите и политиките што се од интерес на граѓаните, додава Пировска.

Влада: Мандатот на членовите заврши, ќе се избираат нови

Mандатот на членовите на Советот трае 3 години. Во јули годинава им истекол и сега треба да се избираат нови. Мета праша во Владата, кога треба да се случи изборот за да може Советот повторно да функционира. „Тригодишниот мандат на членовите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество заврши на 30 јули годинава. Сега потребна е постапка за изменување на Одлуката за формирање на Советот, поради потребата од усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа, односно со промената на министерствата.

Потоа Генералниот секретаријат ќе објави јавен повик за избор на 16 членови на Советот од редот на граѓанските организации“, ни рекоа оттаму. Инаку, во програмата за работа на Владата за период 2024-2028, накусо е наведена содржина за соработката со граѓанскиот сектор. Пишува дека Владата ќе обезбеди пари за поддршка на граѓанските организации што аплицираат и се добитници на проекти од европски и други фондови. Во програмата е наведено и дека ќе се спроведе сеопфатна реформа на системот за спонзорства на организациите кои вршат јавни дејности, а наведено е и дека Владата ќе организира Годишна конференција на граѓанските организации.

Пишува: Антонија Поповска, МЕТА.МК

   

Најново

Насилник ги нападнал поранешната девојка и нејзин колега во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

Филипче од Крива Паланка: Митовски доби поддршка за уште еден градоначалнички мандат

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ги забрани асфалтните и бетонските бази на нејзина територија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Акцијата за апсење на убијците од Беланоца и Барон е голем успех на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За руинираниот двор и плато пред објектот на македонската Влада – Александар Видиновски и пратеникот Бојан Стојаноски

Sase Ivanovski

СЗО побара забрана за ароматизираните тутунски производи

Sase Ivanovski

Германија блокирана: Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ предизвика тотален хаос на автопатите

Sase Ivanovski

Томас Вајц за БТВ: „Не гледам проблем за македонскиот идентитет и јазик“

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Sase Ivanovski

Жена на 33 години загина, а шест други лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

Русија ја опомена сојузничката Србија за снабдување на Украина со оружје

Sase Ivanovski

Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родителите на загинатите со порака до полицијата: ” Бараме правда за секое дете што загина, тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Дали МВР постапува по наводите за дивоградбите во Чаир и за вчерашното дивеење на Ганиу?

Sase Ivanovski

ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ОБУЧЕНО ЛИЦЕ Грант за самовработување ќе добијат 1.703 невработени лица

Sase Ivanovski

Пет можни сценарија за крајот на војната Русија-Украина според американската банка ЏП Морган Чејс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Британската агенција која ќе го кредитира договорот за заем има сериозни корупциски скандали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА: СДСМ ги признава грешките и учи од нив, ВМРО ДПМНЕ и нејзините сателити ќе направат се да го саботираат влезот во ЕУ за да може на раат да крадат!

Sase Ivanovski

Опасен е патот кон Теферич – Сопиште повикува да се користат алтернативните

Sase Ivanovski

Шукова: Началник на СВР Штип е заштитен од Коцевски и Мицкоски во истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

ПРЕТЕПАН СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Го нападнала група малолетници во школски двор

Sase Ivanovski

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата и ќе си ја вратиме државата назад!

Sase Ivanovski

Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Маск бил издрогиран поголемиот дел од времето додека работел со Трамп

Sase Ivanovski

Видео: Мене ќе ме утепаат- Арсовска за заканите. Ова ли е држава?

Sase Ivanovski

Гостиварец ја нападнал и силувал вонбрачната сопруга

Sase Ivanovski

Сервисиран и вратен еден „ер трактор“ за гасење пожари

Sase Ivanovski

Хаос кај Бит Пазар: Насилно им влегле дома и тепале цело семејство

Sase Ivanovski

Филипче: Зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Sase Ivanovski

Пијан насилник од скопско ги тепал и давел партнерката и нејзината мајка

Sase Ivanovski

Приврзаниците на Партениј протестираа пред резиденцијата на архиепископот во Скопје

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

Вреди – Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Герасимовски: Синоќа скопјани уживаа во врвна гастрономија и добра музика со диџеј Зоки Бејбе и Наде Талевска бенд

Sase Ivanovski

(Видео) Мирен протест во Охрид за поддршка на епископот атаниски, Партениј

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Урбаната мафија хара, каква корист има Мицкоски од 150 дивоградби во Чаир?

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ НАЈАВУВА ВРАЌАЊЕ ВО ПОЛИТИКАТА: Му стојам на располагање на Венко Филипче, сакам да и помогнам на опозицијата да ја врати државата на прав пат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПЕН АИ И ОРАКЛ ВО ТЕКСАС ГО ГРАДАТ НАЈГОЛЕМИОТ ДАТА ЦЕНТАР ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗНАЧИ ОВАА ИТАЛИЈА НЕ СЕ ТРПИ ОД УБАВИНИ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Ширењето на хистерија околу распишувањето на тендери е само обид за оттргнување на вниманието од безидејноста на СДС, која е синoним за неспособност и криминал

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ЗА СДСМ: Јас би почекал уште една година после локалните за да видиме дали таа партија ќе може да се врати на старите патеки

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Румен Радев е архитектот на бугарската блокада кон Македонија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Афера Провизии кои чинат живот – Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Сиљановска е невидлива во областите во кои треба да биде највидлива

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: За жал нашиот народ, со сите овие проблеми кои ги имаше во овие децении на тешко живеење, и Македонци и Албанци и други, е практично анестезиран и отапен е на сите овие глупости што му се сервираат од разни политички елити

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Ако ги прашувате само етничките Македонци, ние сме на околу 30% поддршка и таква поддршка има само уште во Србија

Sase Ivanovski

DynamicsMinds: Вештачка интелигенција донесува дигитална работна сила и златна ера на деловни апликации

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ПРОТИВ КОРИДОРОТ 10: Не треба да инвестираме во коридори кои водат низ земји кои не се членки на НАТО

Sase Ivanovski

ГАФ НА ПЕНДАРОВСКИ: За државата не било многу важно да се прават локални патишта и водоводи

Sase Ivanovski

Пендаровски бил непријанто изненаден од некадарноста на владата на Мицковски

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Ние сме прв случај во историјата на европските интеграции која од позиција на кандидат за членство поставува услови кон земја-членка на ЕУ… Бугарија да признае 14 пресуди од Стразбур, да признае постоење на македонско малцинство итн

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Трамп е политичар пазарџија, ние нема што да му дадеме, ниту авион ниту минерали

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Интересот на Британците за балканот е да биде центар за мигранти

Sase Ivanovski

Стево Пендаровски во мега интервју за Дојче Веле: Одиме кон држави кои не се демократски, владата нема намера да оди кон ЕУ, од Трамп го добивме само…

Sase Ivanovski

Падна кран на градилиште во старата касарна во Битола, има повредени

Sase Ivanovski

Поранешен шеф на ЦИА тврди дека Путин ќе нападне уште една земја – откри и која

Sase Ivanovski

„Арсовска да пријави и соработува“ – ОЈО вели подготвено е веднаш да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: 780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски

Sase Ivanovski

СТВАРНО СМЕ БРАЌА: Бугарите се бунат против воведување на евро

Sase Ivanovski

Штипјанец возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајка

Sase Ivanovski

Уапсен маж од Дебарца, во неговиот дом пронајдени 140 стебла канабис

Sase Ivanovski

Седумдесетгодишен возач прегази жена на паркинг во Скопје

Sase Ivanovski

ЛДП во понедеделник ќе поднесе предлог закон за една изборна единица и отворени листи

Sase Ivanovski

Тројца сегашни началници на ОВР Кочани биле распрашувани од Обвинителството

Sase Ivanovski

Дете под 5 години е најмладиот евидентиран корисник на дрога во Македонија

Sase Ivanovski

ФЗОМ не им дава надоместок на плата за боледување на дел од преживеаните во „Пулс

Sase Ivanovski

МАСК ПИЕЛ ПО 20 АПЧИЊА ДНЕВНО ДОДЕКА РАБОТЕЛ СО ТРАМП Милијардерот има тешка зависност и депресија?

Sase Ivanovski

ЛУЃЕТО ЗГРОЗЕНИ ОД НОВИОТ ПРОИЗВОД НА СЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА „Одвратно, понижувачки“

Sase Ivanovski

„ТАТКО МИ ИЗВАДИ 10 МАРКИ НА МАСАТА И НИ СООПШТИ ДЕКА ТОА Е СЀ ШТО ИМАМЕ“ Ѓоковиќ се присети на најтешките моменти во животот

Sase Ivanovski

ПАК ГОВОР НА ОМРАЗА И НЕТРПЕНИЕ ОД СОФИЈА Поранешен политичар бара Бугарија да ѝ воведе санкции на Македонија

Sase Ivanovski

Владо Јаневски заминува во Австралија!

Sase Ivanovski

„ИДРИЗОВО“ КАКО ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОР Затвореници сокриле десетици телефони, полначи, блутут слушалки и дрога

Sase Ivanovski

Обвинителство: Течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Истрагата за пожарот во „Пулс“ заврши

Sase Ivanovski

КОЧО АНЃУШЕВ ГО ФИНАНСИРА ЗАВРШУВАЊЕТО НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО „СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ Со нетрпение се очекува да блесне духовниот храм во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЌЕ СЕ НОСИ СО КОНСЕНЗУС Вистината излезе на виделина, нема лажни сертификати за Бојан Христовски

Sase Ivanovski

„ОНИЕ ШТО ШИРАТ ЛАГИ ЌЕ СЕ ИЗВИНАТ“ Јанев ги отфрла обвинувањата за дипломата, остава ДКСК да докаже

Sase Ivanovski

ШОКАНТЕН МОМЕНТ ВО СУДНИЦАТА Диди покажа фотографија од разголените Ријана и Серена Вилијамс во кревет!

Sase Ivanovski
Вчитувам....