Значи кои сме ние тоа овци епски колосални. Еј пратениците, оние кои ние ги гласаме и ги праќаме да не преставуваат во парламентот за да се борат за нас сакаме да ги оставиме со врзани раце без ресурси без возила без асистенти без сила и моќ да одат до собрание и до нашите домови, да прават средби со нас, да грмат во собрание пред министрите и моќните директори, кои впрочем сите до последна шуша која води некоја агенција која и он не знае како се вика не само што имаат платени патни трошоци и дневници туку имаат и шофери секретарки обезбедување, а пратениците кои креираат закони и менуваат устав и гласаат за буџети од 6 милијарди евра секоја година, треба да одат на работа со точак или со автобус, кои патем ги нема во времето кога они завршуваат со доцни седници?!?!
Што треба пратениците да ги банкротираат своите семејства за да се борат за нас во собрание?! Па кое е тоа лудило?! Наместо да им дадеме и службени возила и асистенти и секретарки и обезбедување па да тргнат во битка со мафијата со олигархијата со лошите корумпирани директори и политичари ние сакаме да го осакатиме и да ги оставиме без нула моќ и сила и капацитет во нерамноправната битка?! Па како они ќе се борат со директори на моќни компании кои имаат монопол на пазарот кои се возат во мајбах лимузини и имаат брдо асистенти правници бодигарди пр експерти и имаат пипци длабоко во системот?!?!
Кои сме тоа ние само шушумиги кога со години наседнуваме на овој ефтин популизам и дозволуваме пратениците кои ги гласаме со 500 000 гласови да не преставуваат и да се борат со нас поради нечија политичка неспособност да не убеди да ги оставиме истите тие пратеници без никакви ресурси да бидат само глинени гулаби и кукли во собрание?!?! Дали знаете дека во американскиот сенат, конгресмените и сенаторите имаат право на лично обезбедување и патни трошоци во кои редовно се вклучени авионски летови во САД и во светот, сенаторите и конгресмените во САД имаат огромна моќ и во САД и во светот, секој од нив е преставник на САД и за тоа имаат асистенти канцеларии ресурси и затоа тие се многу важни во САД и затоа е САД она што е денеска а ние сме таму кај што сме…
Ајде ако сме фатиле да бидеме штедачи, дај тогаш да ги укинеме сите службени возила и сите иљадници функционери да ги користат своите лични возила и лично од џеб да го плаќаат горивото за службените патувања и одењето на работа, па сите или ќе дадат одма отказ или ќе порасне корупцијата во земјата за 200% преку ноќ! Кој ќе се жртвува и ќе работи за ич пари, сите ќе се префрлат во приватен сектор или ќе фатат сите да крадат и нема да остане камен на камен од државата, едноставно треба да разбереме дека сите мора да јадат и да живеат и сите треба да бидат платени за својот труд, согласно тежината и одговорноста на работата, а да бидеш пратеник и да ја контролираш владата и да се бориш со мафијата и олигархијата во собранието е најголема одговорност и поради тоа тие треба дебело да бидат платени и потоа од нив да очекуваме резултати и врз база на тоа да гласаме на изборите…