За член на Советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити. Ова е неприфатливо и претставува флагрантно партиско мешање во судските и обвинителските органи, реагира ДУИ.
Демократската унија за интеграција реагира дека владејачката коалиција Вреди номинира свои партиски членови за Советот на јавни обвинители.„ДУИ остро реагира на обидот за брутална партизација на судството и обвинителството преку партиски интервенции во Советот на јавни обвинители. За член на Советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити. Ова е неприфатливо и претставува флагрантно партиско мешање во судските и обвинителските органи“, соопшти ДУИ.
Опозициската партија апелира пратениците во Собранието да не го прифаќаат предлогот на Вреди.„Пратениците да не прифаќаат партизација на обвинителскиот совет. Говикуваме граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница да реагираат на изборот на партиски кандидати за членови на обвинителскиот совет. Европската Унија будно ги следи одлуките на Владата и на Собранието и овие постапки нè оддалечуваат од Европа и европските вредности и нè враќаат во заробена држава“, реагира ДУИ.