21.8 C
Скопје
02/07/2025 01:41
МАКТЕЛ

   

Спасовски: Неопходно е Република Северна Македонија континуирано да гради отпорност, капацитети и способности за одговор на хибридните закани

      

Денеска (02.12.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на регионалната конференција „Европска безбедност: Како да се искористи новиот моментум за проширување на ЕУ на Западен Балкан?”, во рамки на сесијата „Моментална геополитичка состојба- импликации за Западниот Балкан“ .Истакнувајќи дека во моментов безбедносната состојба е стабилна и како Министерство за внатрешни работи будно се следат сите случувања, Спасовски рече дека примерите за безбедносните ризици по нашата држава, по регионот на Западен Балкан и целото европско копно се неброени и меѓусебно поврзани.

„Согласно стратешките документи и проценки  во денешно, мирнодопско време, минимална е веројатноста од вооружена агресија како директна закана по суверенитетот и територијалниот интегритет на  државата. Во услови на глобализацијата и демографската промена, државите во моментов се поранливи од загрозувања  асиметрични, хибридни и сајбер загрозувања и загрозувања од недржавни актери од невоена природа, природните непогоди, технолошките катастрофи, епидемии. Во однос на идентификуваните безбедносни предизвици, закани и ризици неопходно е Република Северна Македонија континуирано да гради отпорност, капацитети и способности за одговор на истите.

   

Под терминот „хибридни закани“ се опфатени широк спектар на мерки, алатки и техники, во кои се вклучени дезинформации, сајбер напади, манипулација со меѓународното право, тероризам, шпионажа, саботажа, политичка субверзија, корупција, организиран криминал, миграции, економски притисок. Хибридните напади користат манипулации, со цел да извршат одредено влијание во полза на одреден центар на моќ. Целта на хибридните напади е да влијаат врз јавноста (ширење на несигурност, страв, паника и недоверба кон институциите) или процесите, кои се значајни за донесувањето на клучни одлуки”, истакна Спасовски.

Осврнувајќи се на заканите од ваков вид, Спасовски истакна дека Република Северна Македонија беше соочена пред членството во НАТО , за време на Корона вирусот, со руската агресија врз Украина, како и процесите за членството во ЕУ. Тој додаде и дека НАТО постојано се координира со сојузниците, се споделуваат информации и јавно се побиваат лажните тврдења, со разоткривањето на главните наративи за дезинформации за НАТО и со вклучување на медиумите.

„Врз основа на препораките на ЕУ, Владата во декември 2021 година ја усвои Националната стратегија за градење отпорност и справување со хибридни закани (2021-2025) која вклучува широк опсег на активности за справување со предизвиците на дезинформации и хибридни закани. По однос на интензивните хибридни напади кои што почнаа да ни се случуваат од октомври минатата година, па се до март оваа година, донесовме  Протокол/правилник за постапување при лажни дојави со бомби на територијата на целата држава. Повеќе од 720 објекти беа таргет на 964 лажни дојави кои што ги имавме, испратени од преку 60 различни е-маил адреси. Министерството за внатрешни работи во полн капацитет активно работеше на идентификација и пронаоѓање на можните сторители чија цел беше ширење на паника помеѓу граѓаните”, рече Спасовски, потсетувајќи дека креиран е  оперативен тим кој што работеше во рамките на Владата, во која што се вклучени сите институции МВР, АНБ и Агенцијата за разузнавање, МО-ВСИР и сите релевантни структури со свои експерти со кои што практично беа разменети сите податоци и информации и соодветни решенија, се со цел да имаме поинаков пристап во однос на дојавите за бомби кои пристигнуваа по електронски пат. Притоа, тој посочеи дека беше донесено посебно Упатство за постапување во вакви случаи и дека на основа на тоа ново упатство и координацијата и соработката со МОН е на исклучително високо ниво.Спасовски истакна дека високо на агендата е и борбата против организиран криминал и корупција, јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги.

„Високо на нашата агенда секако дека е елиминирањето на хибридните закани, тероризмот, борбата против организираниот криминал и корупцијата преку зајакнување и унапредување на механизмите за борба против организиран криминал и корупција. Вреди да се спомене дека изминатиот период се насочивме кон јакнење на националните капацитети за водење финансиски истраги, а уште повеќе пред нас стои обврската да ги зајакнеме структурите и капацитетите  за конфискација на незаконски стекнатиот имот. Ја исполнивме нашата цел и формиравме специјализирани единици во надлежните институции, специјално обучени и фокусирани за водење финансиски истраги, паралелно со истрагите за организиран криминал”, рече Спасовски.Во однос на борбата против тероризмот и насилниот екстремизам, Спасовски рече:

„Со јакнењето на координативните структури за  борба против тероризмот и насилниот екстремизам, преку назначувањето на Национален координатор за борба против тероризам и спречување на насилен екстремизам, неговите двајца заменици и формирањето на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам обезбедивме структура која  обезбедува поддршка и континуирано ја следи и анализира состојбата со насилниот екстремизам, радикализацијата и борбата против тероризмот”, истакна Спасовски, додавајќи дека беше даден приоритет, меѓу другото и на продлабочување на регионалната и меѓународната соработка.

„Зајакнувањето на меѓународната соработка е еден од основните  предуслови за успешна борба против транснационалниот организиран криминал. Во однос на оперативната соработка настојуваме да го зголемиме нашето учество во билатерални или мултитерални операции и да ја интензивираме размената на оперативни информации во рамки Европол, земјите членки на ЕУ и оперативните партнери за соработка. Во овој контекст, Република Северна Македонија останува отворена за соработка и со другите држави од регионот на Западен Балкан и секако ги поддржуваме заложбите за поголема регионална соработка”, рече Спасовски.

На крајот Спасовски истакна дека како земја партнер на ЕУ и кандидат за членство во ЕУ, ја споделуваме одговорноста и ангажманот на ЕУ од аспект на управувањето со миграциските текови и сузбивањето на незаконска миграција и прекуграничниот криминал.

„Во овој контекст морам да го споменам Договорот со ФРОНТЕКС, со чие стапување на сила се овозможи, на барање на нашата држава, да се распоредат полициски службеници на ФРОНТЕКС на критичните точки на границата, заедно со нашите полициските службеници, што придонесува кон зголемување на нивото на соработка, размена на искуства и знаење, како и можност да се користи целата опрема на Фронтекс. Во овој дел, би сакал да споделам дека на 19.04.2023 година отпочна Заедничката операција на Фронтекс- „Заедничка операција Северна Македонија 2023“ која е вистински пример за ефикасна оперативна соработка”, истакна Спасовски, со уверување дека многу наскоро ќе добиеме нови одредници како резултат на  преговорите за пристапување во ЕУ, кои ќе придонесат кон континуирано реформирање, напредок и конечно усогласување со европските стандарди, со цел обезбедување поголема безбедност, а со тоа и подобар и поквалитетен живот за сите.  

   

Најново

Димитриеска -Кочоска на ОН Конференција во Севиља: Зеленото финансирање -клуч за одржлив развој

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Филипче се сретна со Кос: СДСМ останува силен промотор на европската идеја – време е за обединување, не за калкулации

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на моторното одделение на МВР

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: На Вториот Конгрес избрани новите органи и тела на партијата

Sase Ivanovski

Медведев фрустриран од својот противник: Зошто не игра вака секој ден и не заработува милиони?

Sase Ivanovski

Неуспешен обид по 40-пат за конституирање на Собранието на Косово

Sase Ivanovski

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страна на граѓаните кои на јавна сцена ќе бидат нападнати од носители на јавни функции, како Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во Курск, се проценува дека бројката е околу 1000

Sase Ivanovski

Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Sase Ivanovski

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ: Денес ја презентираме нашата критичка анализа конОперативниот план за активни програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Уставниот суд го одби барањето на подносителката Билјана Ванковска- Цветковска која се жалеше дека е неуставно да им се ограничи минутажа на МТВ за политичките кандидати

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга –– првото повлекување на средства е планирано за 2027 година

Sase Ivanovski

Сенатот го изгласа буџетскиот „мегазакон“ на Трамп, со одлучувачки глас на потпретседателот Џеј Ди Ванс

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска со отчет по повод една година од формирањето на Владата: Ги стабилизиравме јавните финансии, го намаливме јавниот долг и постигнавме економски раст над очекувањата

Sase Ivanovski

Специјалната известувачка на ОН: Израел води политика на апартхејд и геноцид

Sase Ivanovski

Во Турција набрзо ќе почне разоружување на ПКК

Sase Ivanovski

Зеленски одликува 226 украински војници

Sase Ivanovski

Германија финансира дронови за Украина

Sase Ivanovski

ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА АТИНА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ПОРАНЕШНА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји

Sase Ivanovski

Билатерална средба на МЕП Муртезани со новиот српски министер за европски интеграции, Старовиќ

Sase Ivanovski

ЕУ СО ГОДИНИ „УБИВА“ НЕКОИ ЗЕМЈИ ВО ЧЕКАЛНАТА Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство на Украина

Sase Ivanovski

„ПЕСКОВ ЗБОРУВА ВО ОРВЕЛСКИ СТИЛ“ Келог ги отфрли тврдењата на портпаролот на Путин дека САД го кочат мировниот процес

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ГУЖВИ НА ТАБАНОВЦЕ, ОД ПЕТОК СТАРТУВА „ONE STOP SHOP“ Ќе се контролира само влезот на луѓе и на стоки

Sase Ivanovski

ГЕРО: Никогаш не би го кажал она што Драган Павловиќ Латас го кажал за таткото на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Sase Ivanovski

Иран го осудува одбивањето на Советот за безбедност на ОН и МААЕ да ги осудат израелските напади

Sase Ivanovski

ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ во Севиља

Sase Ivanovski

Средба во Севиља на премиерот Санчез и Сиљановска – Давкова – теми за разговор ЕУ интеграциите и економска соработка

Sase Ivanovski

На паркинг во Скопје пронајден починат 40-годишник од струмичко

Sase Ivanovski

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

Sase Ivanovski

Германски медиуми: Вучиќ се плаши од избори – ќе има уште апсења

Sase Ivanovski

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Следната учебна година свидетелства во дигитална форма, два онколошки лекови префрлени во позитивната листа, Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Sase Ivanovski

Човекот кого го сметаат за ,,совест” на Путин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

Sase Ivanovski

БРАВО: МАМАС АЈВАР НА БИЛБОРД НА ТАЈМС СКВЕР ВО ЊУЈОРК

Sase Ivanovski

(Видео) Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: На покана на Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, вечерва присуствував на приемот организиран во Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста – 4 Јули

Sase Ivanovski

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Sase Ivanovski

Кос до Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Косово: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Sase Ivanovski

Македонија добива грант од 350 илјaди евра од ЕБОР за изработка на стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Мицкоски до Кос на Самитот во Скопје: Идентитетот не ни е само македонската кујна туку и Гоце Делчев, Шапкарев, Илинденското востание, браќата Миладиновци итн

Sase Ivanovski

Уапсена е скопјанка, со остар предмет и се заканувала на сосетката

Sase Ivanovski

ВЕЛИЧКОВСКИ: Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во “српскиот свет” и што добиле за возврат?

Sase Ivanovski

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Sase Ivanovski

Судот пресуди во корист на Костадинов и Струмица, водата била безбедна за пиење

Sase Ivanovski

АЈДЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЛИДИЈА КОЈА СЕ БОРИ СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Sase Ivanovski

Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Sase Ivanovski

Тошковски и Кондратович: Одлична соработка на полето на безбедноста, потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Sase Ivanovski

Почина 72-годишен пешак во Скопје, во него удри мотоциклист

Sase Ivanovski

Италија во следните три години ќе издаде половина милион визи за странски работници од земји надвор од ЕУ

Sase Ivanovski

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Sase Ivanovski

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

Sase Ivanovski

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

Sase Ivanovski

ЛУЃЕ ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПОТЕПАМЕ Сообраќајка во Куманово, повредени две лица

Sase Ivanovski

Кос: Уставните измени се единствен услов за отворање на преговорите, идентитетот на Македонците не може никој да им го одземе

Sase Ivanovski

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати, само ако стане закон може да стане предмет пред уставните судии

Sase Ivanovski

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Sase Ivanovski

СДК: ЈАС СУМ ОТРПНАТ, АМА СЕ ПОТРЕСОА МОИТЕ НАЈБЛИСКИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ПО ЛАЖНОТО ВИДЕО СОЗДАДЕНО СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДЕКА ИСТЕПАЛ ФАРМАЦЕВТИ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СИТУАЦИЈАТА Е СТРАШНА! Над 50% млади од Македонија се против ЕУ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Три автобуси и едно комбе опожарени во кочанската населба Оризари

Sase Ivanovski

Костовски: Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Sase Ivanovski

ВАШИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ МАНАСТИРИТЕ, ПОГАЧАТА, ПИНЏУРОТ И ПОЛНЕТИТЕ ПИПЕРКИ И ТОА НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ, КАЖА ЕВРОКОМЕСАРКАТА МАРТА КОС

Sase Ivanovski

КОСТА СОЧУВСТВУВАМ СО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ЕМОЦИИ ЗА ТВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО, НО ТЕ МОЛАМ ИЗВИНИ МУ СЕ НА ЛАТАС И ИЗВЛЕЧИ ОД ОВА ПОУКА, ТИ СИ МЛАД ПОЛИТИЧАР КОЈ ТРЕБА ДА УЧИ ОД ГРЕШКИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛОН МАСК: САД се пред банкрот и сите се прават мутави, само на камати за кредити САД плаќаат годишно 1000 милијарди долари

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ ИМ СТЕГНА КРИВИЧНА: Директори на Националниот парк Маврово, локални функционери на ВМРО ДПМНЕ, украле 50 илјади евра од буџетот

Sase Ivanovski

КОСТАДИНОВ ОБЈАВИ ФОТКА ОД СВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО: Од него го научив најважното: името на фамилијата не смее да се чепне, ниту да се осквернави

Sase Ivanovski

КОСТАДИН АЦЕВСКИ: Вечна слава на идеологот за слободна Македонија, Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

Филипче: ЕУ го потврди она што го говори СДСМ – ВМРО ДПМНЕ ја става Македонија во заложништво на други држави

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕСКИ: Започнува исплатата за пензионерите во Кисела Вода – 1388 пензионери утре на своите сметки ќе добијат финансиска помош од 2500 денари!

Sase Ivanovski

Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, истакна Кос

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАЗДАТА НА СРПСКИ ИНФОРМЕР, ДРАГАН ВУЧИЧЕВИЌ ПОВИКА ПРОТЕСТАНТИТЕ ВО СРБИЈА ДА БИДАТ ПРЕТЕПАНИ И УАПСЕНИ

Sase Ivanovski

Ученици од Прилеп освоија второ место на Европскиот квиз на пари во Брисел во конкуренција од 70.000 натпреварувачи

Sase Ivanovski

РУСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ БИВШИ БОКСЕРИ ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА СЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ

Sase Ivanovski
Вчитувам....