Припаднции на Министерството за внатрешни работи на Србија, и Царинската управа уапсија украински државјанин. В.П.(1985) и унгарскиот државјанин П.К.(1980).поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело перење пари. Полицијата на граничниот премин Прешево при контрола на автомобил „фолксваген туарег“ како и при преглед на осомничените открила вкупно 268.000 евра.Тие со парите сакале да влезат во Македонија. Еврата биле скриени секаде во возилото, под седишта, во управувачката табла, на подот.