21.8 C
Скопје
13/04/2025 16:12
МАКТЕЛ

    

Срѓан Ивановиќ: Лесно запалива држава

      

Системот во државава им овозможува на попаметните и на посреќните меѓу нас да ги заобиколуваат законите и да се богатат на туѓиот очај. Само два дена пред пожарот во Кочани, слушавме за канцерогените деривати што биле увезувани со асистенција на корумпираните државни службеници. Знаеме и за Онкологија. Сè знаеме, ништо не правиме. Се сеќава ли некој во овие траорни моменти на несреќата што пред 30 години се случи во дискотеката „Силекс“? Јас се сеќавам бидејќи бев таму. Имав 17 години и бев излезен со друштвото во дискотеката сместена во поттрибинскиот простор на тогашниот Градски стадион во Скопје. Некаде пред фајронт (по 23 часот) избувна пожар, па луѓето почнаа да бегаат по скалилата за да се спасат. Во стампедото загина едно девојче. Реакцијата на јавноста беше брутална, па надлежните органи спроведоа истрага, утврдувајќи низа нерегуларности во објектот во кој дискотеката била сместена, по што беше затворена. Три децении подоцна, ни се случи трагедија со 59 жртви и 155 повредени. Исто така во дискотека, не во Скопје, туку во Кочани. Со таа разлика што дискотеката во Скопје изгледаше како „Студио 54“ во споредба со прчварата во Кочани, за која не ви треба истрага, стручно или вешто лице за да ви каже дека е супстандардна. Тоа се гледа и оддалеку.

Што ни се случи во овие 30 години? Едноставниот одговор е катастрофа, а сложениот би гласел ни се случија две авионски несреќи со многу жртви, ни потона брод, падна армиски хеликоптер, имавме две автобуски несреќи и ни се запалија две дискотеки. Заедничкото на сите овие несреќи е потфрлањето на институциите и корупцијата. Техничката нерегуларност кај нас по правило се решава со мито исплатено во џебот на „надлежните“, па затоа и само затоа 30 години по ред ние броиме мртви и ранети. Ќе направиме најстрога контрола на сите дискотеки и клубови, рече премиерот Христијан Мицкоски на денот на несреќата. Такво нешто беше речено и по пожарот во „Силекс“ и по трагедијата кај Ласкарци кога се преврти автобус и по сите други катастрофи што ѝ се случија на оваа несреќна земја, во која на еден перверзен начин зголемената контрола само ја засилува корупцијата, па секоја наредна трагедија е поцрна од претходната. Премиерот кажа и дека е подготвен неговата вина да ја провери на избори, како божем во недостигот од изборни циклуси е нашиот проблем? Наместо да гласаме, можеби треба да видиме чии партиски послушници и локални лидерчиња знаеле дека во нивниот град функционира дискотеката „Пулс“, која иако наликува на поголем кокошарник, била популарно место на младите од Кочани.

   

Засега единствен кој чувствува морална одговорност е градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов, кој вели дека ги познавал поголемиот дел од децата што загинале, а ги познава и нивните семејства. Не е лошо тој да објасни и дали ги познавал луѓето што стопанисувале со дискотеката. Папазов да каже дали некогаш влегол во објектот, кој наводно некогаш служел како магацин за теписи, а потоа бил претворен во дискотека. И дали можеби слушнал или само се посомневал дека еден таков поткапацитетен објект имал валидна лиценца за работа? Зошто не реагирал? Зошто не пријавил? Прашања имаме многу и на нив ќе бараме одговор во деновите пред нас, а сега е најбитно повредените да закрепнат. Но и тоа не зависи многу од нас, бидејќи најтешките случаи се веќе префрлени во странски болници. Во Србија, Бугарија, Грција и Турција, а наскоро се очекува дел од повредените да бидат префрлени во болници во Хрватска и Романија, а се преговара и со Словенија, Унгарија и Австрија. Истите овие држави секое лето ни ги гаснат пожарите, кога наместо лекари ни испраќаат пожарникари, а тука се и ако ни фали струја, зејтин, вакцини итн. Им благодарам од срце за сè. Македонија е прилично тажно место, во кое системот им овозможува на попаметните и на посреќните меѓу нас да ги заобиколуваат законите и да се богатат на туѓиот очај. Само два дена пред пожарот во Кочани, слушавме за канцерогените деривати што биле увезувани со асистенција на корумпираните државни службеници. Знаеме и за Онкологија. Сè знаеме, ништо не правиме. Точно е дека на секои избори ги казнуваме претходните, но тоа очигледно е дека не го менува системот. Мора да пронајдеме друго чаре.

  

Најново

ИНТЕРЕС ЗА БАТЕРИИ-СЕ БАРА СПАС ЗА СТРУЈАТА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ФОТОВОЛТАИЦИ

Sase Ivanovski

Директорот на Царина: заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ќерка-директор, татко-веледрогерист, оставката на Филипче е долг кон народот кој долго ја плаќа цената на неговите одлуки

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не се откажува од Филипче, тој му средуваше тендери во 4 очи, за сега Заев да гради згради во Дубаи

Sase Ivanovski

ФЕИТ ги отвори вратите за идните студенти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на платите во здравството, образованието, безбедноста, повисоки пензии, стабилизирање на економијата со цел повисок животен стандард за граѓаните

Sase Ivanovski

Герасимовски: Солидарноста не е кампања, туку начин на живеење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски зборува за хуманост, додека Центар тоне во хаос и запуштеност

Sase Ivanovski

ЦУК: Изгасени седум пожари на отворено низ државата, регистрирани речиси 2.000 повици кон бројот за итни случаи

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Таџикистан

Sase Ivanovski

Жртвите каснати од куче доживуваат траума, преку едукација до намалување на ризикот од напади

Sase Ivanovski

Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада

Sase Ivanovski

Еквадор прогласи вонредна состојба пред вториот круг од претседателските избори

Sase Ivanovski

САД ја гаснат арапската ТВ „Алхура“, отпуштен поголемиот дел од персоналот

Sase Ivanovski

Тимот на Трамп одржа „конструктивни“ директни разговори за нуклеарната програма со Иран, ќе се сретнат повторно следниот викенд

Sase Ivanovski

Во Атина судири меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица

Sase Ivanovski

Полицијата го барала дома за Кочани – Македонскиот амбасадор во Осло им порача „Се враќам дома со првиот авион“

Sase Ivanovski

(Видео) Македонка се пофали дека дошле од Скопје да го поддржат, па избега од новинарот кога ја праша „што да поддржите?“

Sase Ivanovski

Во Основното обвинителство во Кочани донесени осомничени од проширената истрага за пожарот во „Пулс

Sase Ivanovski

Неколку средби на министерот Муцунски на Дипломатскиот форум во Анталија

Sase Ivanovski

Норвешка ќе издвои речиси една милијарда долари помош за Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вардар Неготино ја совлада фаворизираната Брегалница, двоецот Тодорчев-Стојановски обезбеди опстанок за неготинчани

Sase Ivanovski

Вонредни контроли на АХВ пред Велигден – уништени 1.230 килограми небезбедни производи

Sase Ivanovski

Во трговската војна со САД, Кина држи многу повеќе карти отколку што мисли Трамп – всушност, таа може да има победничка рака

Sase Ivanovski

На маргините на Анталија Дипломатскиот форум, Муцунски оствари билатерални средби со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, со претставник во БиХ, Кристијан Шмит, со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Република Молдавија, Михаил Попшоју, со министерката за надворешни работи на Грузија, Мака Бочоришвили, и со Европратеникот, Илхан Кјучук

Sase Ivanovski

ВЕЧЕРНОТО ШОУ НА БОГДАН ИЛИЕВСКИ – ГОСТИН ПЕТАР БОГОЈЕСКИ

Sase Ivanovski

Тема на денот со Александар Чомовски, новинар

Sase Ivanovski

Јакимовски: Сите згради изградени од 1945-та до 1970-та треба да се проверат или срушат, ако има силен земјотрес сите ќе паднат

Sase Ivanovski

Повреден програмер од Кочани со двете изгорени раце веќе се вратил на работа и почнал пак да програмира

Sase Ivanovski

Делови од Чаир без вода, ќе биде прекината и мрежата на Гинеколошката болница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протест пред Општина Кичево: „Да се дислоцира отпадот од градот, нѐ гуши“

Sase Ivanovski

Преживеан од пожарот во Кочани: 22 дена докторите и сестрите во 8ми Септември се грижеа за нас како да сме нивни деца

Sase Ivanovski

И Аднан Џаферовски меѓу осомничените за пожарот во дискотеката “Пулс”

Sase Ivanovski

Шпанскиот шеф за борба против наркотици е уапсен поради шверц на дрога

Sase Ivanovski

Американските купувачи парализирани од царините на Трамп: „Не можам да следам“

Sase Ivanovski

Заврши собирот „Не ја даваме Србија“ – Вучиќ упати пет барања

Sase Ivanovski

Без струја дел од улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Лавров: Трамп е единствениот од Западот кој вели дека пристапот на Украина кон НАТО е погрешен

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала до умерена облачност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Роналдо херој за Ал Наср: Погоди и со спектакуларен волеј

Sase Ivanovski

Вучиќ: Завршено е со Шарената револуција, нема ништо од тоа

Sase Ivanovski

Во OJO Кочани вечерва донесени осомничени од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Фридрих Мерц се надева на трансатлантски договор без царини

Sase Ivanovski

Нацрт планот на Трамп за Украина на хартија изводлив но дали и на терен?

Sase Ivanovski

Вучиќ: Нема да има преодна влада, ќе има чесна српска влада избрана од народот

Sase Ivanovski

ФТ: Пркос на кинеските извозници – Америка е само „хартиен тигар“

Sase Ivanovski

Комплексот „Македонско село“ доби нов концесионер кој ќе стопанисува со објектот наредните 15 години

Sase Ivanovski

ИНРМ: Граѓаните сами да се бранат од паушални сметки, ЕВН нема капацитет за фер наплата според реална потрошувачка

Sase Ivanovski

Викендов посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Путин и Виткоф разговараа за условите за постигнување мир во Украина

Sase Ivanovski

Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година, широко ги отвори портите за нови културно – туристички доживувања

Sase Ivanovski

Уапсени Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири за пожарот во Кочани, истрагата проширена за 23 лица

Sase Ivanovski

ЗНМ: Недозволив обид за дискредитација на новинарка од страна на јавни функционери

Sase Ivanovski

Група студенти во Нови Пазар се обидоа да ги блокираат автобусите кои одат на собир во Белград

Sase Ivanovski

Уште двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани се пуштени дома

Sase Ivanovski

Мојсова-Чепишевска: АБЕЦЕДАРОТ објавен во Грција е прв буквар и прва објавена книга за деца на македонски народен јазик

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ бега од одговорност за криминалот, криејќи се зад етничкиот чадор

Sase Ivanovski

Орбан: ЕУ со опасен однос кон лидерите на Западен Балкан

Sase Ivanovski

Aмбасадорот Дритон Кучи се враќа од Норвешка со првиот авион, го бара МВР во врска со дискотеката „Пулс“

Sase Ivanovski

Демант од ЈЗУ УК за Државна кардиохирургија

Sase Ivanovski

Русија ја обвини Украина за пет напади врз енергетска инфраструктура во последните 24 часа

Sase Ivanovski

Трамп сака да ја намали зависноста од кинеските ретки земни елементи преку длабокоморска експлоатација на Тихиот Океан

Sase Ivanovski

САД сакаат да го земат под контрола гасоводат на „Гаспром“ во Украина, како дел од договорот за минералите

Sase Ivanovski

Четириесет и шест лица повредени во напад со гас во минијатурен музеј во Хамбург

Sase Ivanovski

Бараме отчет за сработеното, порачаа семејствата на настраданите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 12 начини за самоповредување со самопомош

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Одењето на одморот во странство нема да се пресметува во минималната кошница

Sase Ivanovski

МЗ: Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат 48 пациенти надвор од државата.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драгољуб Дража Михаиловиќ: На денешен ден во 1941 година изгоре нашето национално богатство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХУМАНИТАРНАТА КРИЗА ВО ГАЗА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА ПОРАДИ ИЗРАЕЛСКАТА БЛОКАДА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Борис Тадиќ: За разговорот со Русите и продажбата на НИС

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Македонија и Косово не само што го модернизираат својот граничен премин, туку испраќаат силна порака за нова ера на соработка, доверба и европски вредности

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Претседателката на Косово го поздрави Ердоган на турски јазик

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Литванската царина во пикап возило на молдавец заплени црковно ѕвоно тешко 260 kg

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еве колкава демократија е Бугарија, погледнете каква неволја му прават на Бојко Борисов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС води тендер-демократија, нивното економско фијаско ја претвори државата во расадник на корупција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Системот „One Stop Shop“ – ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко Филипче ја постави Пановска за директор за да дава тендери на татко и, тој нема кредибилитет, да си даде оставка

Sase Ivanovski

Герасимовски: Општина Центар со нови мерки за справување со проблемот со бездомните животни

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Мицкоски: Границата треба да биде наш заеднички мост кој поврзува луѓе, можности и идеи, стартува „One stop shop“ на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан

Sase Ivanovski
Вчитувам....