Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје! Во овие моменти на силна болка и тага во нашите срца потребно е да се организираме и да ја покажеме нашата солидарност, хуманост и сочувствителност. За таа цел општина Гази Баба во координација со Владата на Република Македонија, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ ОБЕЗБЕДУВА СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје. На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните телефонски броеви:
Игор Петрески – 075430106 претставник на ДУЦОР Партенија ЗографскиИван Симоновски – 078292582, директор на Студенскиот дом Томе Стефановски СениќПерица Пешевски – 075336338 претставник на општина Гази Баба. Дополнително ќе обезбедиме и храна и вода кои ќе бидат доставени пред болниците во Скопје Нашите молитви се за здравје на повредените, но и за утеха на семејствата на загинатите. Многу тежок ден за Македонија!
Линк од фејсбик објава: https://www.facebook.com/share/p/1DzyYBny89/?mibextid=wwXIfr Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ