На покана на Претседателката на државата, заедно со останати претставници на политичките подмладоци, учествував во дебата на тема “Младите и внатрепартиската демократија” по повод Меѓународниот ден на демократијата.
Како млади лидери да продолжиме да бидеме гласни, храбри и упорни нашите прогресивни и инклузивни идеи да ги реализираме во општеството.
Јас лично ќе се заложам низ една демократска дебата во партијата ваквите идеи кои се за добробит на сите нас, да бидат дел од партиските програми. – Трајче Стојчевски, претседател на УМС на СДСМ.