Како што е наведено во документот, чиј примерок го поседува Н1, пријавата е поднесена поради „постоење основи на сомнение дека не се работи за студенти, туку за лица платени да присуствуваат на овој собир“. Студентите во блокадата заедно со професорите при Правниот факултет во Белград поднесоа кривична пријава против насобраните лица во Паркот на Пионерите и организаторите на митингот „Студенти кои сакаат да учат“ кој започна на 7 март, пренесува Н1. Како што е наведено во документот, чиј примерок го поседува Н1, пријавата е поднесена поради „постоење основи на сомнение дека не се работи за студенти, туку за лица платени да присуствуваат на овој собир“.
Станува збор за дело по член 345 од Кривичниот законик, поради постоење основи на сомнение за „спогодба за сторени кривични дела“ од член 345 од Кривичниот законик на Република Србија и „здружување заради извршување на кривични дела“, член 346 од Кривичниот законик на Република Србија. Овие дела се казнуваат со максимална казна од три (член 345) до осум години (член 346). Како што се наведува во образложението, брзо по почетокот на собирот „Студенти кои сакаат да учат“ на 7 март 2025 година, во паркот Пионирски во Белград, на социјалните мрежи почнаа да кружат снимки дека на овој собир не се само студенти, „туку и поединци од криминални кругови и дека присутните добиваат паричен надоместок за присуството на овој собир“. Извор: Новинска агенција МЕТА