Почитувани, Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска прими во посета група студенти од Правниот факултет при Универзитетот ФОН во просториите на Судот. На средбата студентите се запознаа со надлежностите и работата на Судот, неговата улога и хиерархиска поставеност во системот, преку воведните обраќања на претседателот и на генералниот секретар м-р Виолета Ѓорѓиевска.
Студентите се информираа за водењето на постапките и дејствијата кои се преземаат во таа насока од стручните советници на Судот, д-р Екрем Халимовски и м-р Љубица Гаџовска. Посетата се реализира како дел од најавената соработка на Уставниот суд со науката, која е и еден од начините за одржување и унапредување на транспарентноста преку непосредната соработка на судиите и вработените со конкретна јавност. Преку овие посети студентите низ призма на праксата и со конкретни предмети имаат можност да се информираат за работењето на Судот.
Во оваа насока се планирани уште две посети во кои ќе биде опфатено предавање на темите: „Иницијатива за поведување постапка пред Уставен Суд“ и “Заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот од страна на Уставниот Суд“.