Денеска (28.02.2024г.) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ ја посети Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
Од страна на припадници на ЕИП на министерот Тошковски му беше извршена презентација на дел од опремата и вооружувањето кое го користи Единицата и му беа прикажани неколку показни вежби преку кои беше претставено постапувањето на полициските службеници при разбивање на толпа, пресретнување на возило и приведување на лице од затворен објект.

Исто така, министерот Тошковски одржа работен состанок со раководството на ЕИП каде се разговараше за тековните активности и проблеми со кои се соочуваат, а беше ставен акцент и на претстојните избори во чие спроведување Единицата има значајна улога од аспект на обезбедување на целокупната безбедност на изборниот процес.