Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“ отколку веднаш да се стремат кон мир, откако германскиот канцелар, Фридрих Мерц, го повика да го зголеми притисокот врз Русија.Трамп изрази сомнежи за потенцијалниот успех на мировните преговори, велејќи дека „понекогаш е подобро да ги оставите да се борат некое време, а потоа да ги разделите“.
Американскиот претседател рече дека му рекол на рускиот колега Владимир Путин дека двете земји се како „две мали деца кои се борат како луди во парк“.Трамп ветуваше дека брзо ќе ја заврши војната во Украина која трае повеќе од три години, но тоа не се случи.
Украина деновиве уништи руски бомбардери, детонираше експлозив на Кримскиот мост, а медиумите јавуваат и за саботажа на пруга. „Федералната служба за безбедност на Руската Федерација објавува дека утрово, поради експлозија на експлозивна направа непосредно пред да помине возот, оштетена е железничка пруга во регионот Воронеж“, се вели во соопштението.Украинците тврдат дека за прв пат уништиле моќен балистички систем „Искандер“.Претходно, се урнаа и два моста, за што Русија смета дека Украина извршила саботажи.