29.8 C
Скопје
03/05/2025 13:54
МАКТЕЛ

     

Трговците и маркетите формираа стопанска комора: „Со ограничена маржа од 10 отсто нема да опстоиме, ќе мора да отпуштаме“

      

Трговците и маркетите кои пред три дена формираа Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, побараа итна средба со Владата поради најновата одлука за ограничувањето на маржите до 30 април, со опфаќање на основните прехранбени продукти, детергентите и бебешката храна. „Информацијата, дека Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10-процентно ограничување на маржата во трговија на мало и за 10 проценти на трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, а истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите, како и со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните, со очекување да бидат вклучени над 100 групи на производи, ја примивме со голема загриженост. Имено, со ваквата одлука, ние како трговци, ќе бидеме ставени во ситуација, да го доведеме во прашање опстанокот на нашите компании, од причина што со ваква маржа нема да можеме да опстоиме. Воедно, ќе мора да донесуваме и рестриктивни одлуки, за отпуштање на нашите вработени и реструктурирање на работењето и затворање на маркетите.

Штетите ќе бидат големи, бидејќи во прашање се доведува опстојувањето на 86 трговски фирми, со 790 продавници и 4700 вработени. Овие податоци, како Влада сметаме, треба да Ве загрижуваат.Нашето опстојување, е оптоварено и со останатите давачки, како на пример, цената на електричната енергија јануари 2024 – јануари 2025 е зголемена за 72%, за дистрибуција 25%. Платите, во 2024 споредено со 2023 година се зголемени околу 20%, а од март ќе има ново покачување, а трошоците за платите се движат од 12 до 15%. Освен овие, да ги споменеме и другите комунални давачки, сервисирање на опремата со која работиме. Сите овие оптоварувања, немаме можност да ги издржиме со бруто-маржа од 10%, односно нема да можеме робата да ја ставиме на рафт, а не да ги услужуваме нашите потрошувачи.Односно, со 10% бруто-маржа, не можеме да ги покриеме оперативните трошоци, кои се движат од 15-20%. Како Стопанска комора, ја оспоруваме оваа одлука, за ограничување на маржите на 10 проеценти, во целост и бараме итно, да се најде заедничко решение, за оваа состојба. Посочуваме, да се земат во предвид и анализите, кои покажаа дека маркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, туку ценовната политика ја водат доставувачите и производителите. Да потенцираме дека, никогаш не ги зголемуваме цените самостојно, туку промената се случува поради промените на цените на производителите или доставувачите и токму поради ова маркетите се под постојан притисок да се прифатат новите ценовници. Доколку тоа не се направи, не се испорачуваат производите.

   

Од ова произлегува притисокот врз маркетите и од потрошувачите или за цените или за недостигот на производи. Само во јануари до маркетите се пристигнати ценовници од над 40 доставувачи и производители во 92 категории и поткатегории производи. Профитната маржа кај маркетите од година во година опаѓа, а кај нив се зголемува. Ако се погледнат бројките, се гледа и вистината, дека супермаркетите не се причината за зголемените цени. Додека трговците работат со минимални профити, доставувачите продолжуваат да остваруваат значителни маржи, без да ги намалат цените. Во таа смисла. согледувајќи ја состојбата, бараме да се пристапи кон изнаоѓање на причинителите на состојбите и да се бара одговорност од нив, а не да се префрла вината на трговците. Проблемот треба да се реши трајно, да се направи контрола за заработката и маржата од производителите и увозниците и на крај трговците. Ние бараме да се најде разумно решение, да се создаде хармонија помеѓу сите чинители, со цел да функционира целиот систем и да работиме успешно сите, како вистински деловни партнери. Како сериозни и посветени стопанственици, со долгогодишно постоење и работење во секторот трговија, не сакаме да преземаме радикални мерки, протести, блокади исл. за што бараме итна средба со Владата, со цел да ги образложиме состојбите. Досега, во формирањето на цените, не се мешала ниту една Влада, бидејќи имаме пазарна економија и цените се формираат во зависност од понудата и побарувачката, ако има зголемена понуда, цените сами се намалуваат, без да интервенира Владата, а за да се зголеми понудата, треба да се зголеми производството. Со сите овие аргументи, Ве информираме дека побаравме итна средба со Владата, со цел да се пристапи кон изнаоѓање на причинителите на состојбите и да се бара одговорност од нив, а не да се префрла вината на трговците. Веруваме, ќе се разбере за сериозноста на состојбата и ќе ја оствариме средбата во најбрзо време, бидејќи популистички мерки не носат решавање на проблемите на долг рок“, соопштија од новоформираната Стопанска комора.

  

Најново

И во десеттиот обид, Косовскиот парламент не успеа да избере претседател

Sase Ivanovski

Тошковски вели дека опозицијата ги организирала семејствата на загинатите во Кочани да протестираат во Скопје на денот на интерпелацијата

Sase Ivanovski

АВМУ: Слободата на медиумите значи право на новинарите да истражуваат и информираат без какви било притисоци

Sase Ivanovski

Даштевски, Габер-Дамјановска и Лидија Неделкова во трката за судија во Стразбур, познати се и другите кандидати

Sase Ivanovski

Насилници тепале обезбедувач во Драчево, не сакал да пушти малолетно момче во казино

Sase Ivanovski

Бомба експлодира рано утрово во Солун, загина жена која сакала да ја постави на банкомат

Sase Ivanovski

Трилинг – Кога се очекува на дневен ред да се стави точката за Законот за употреба на јазиците?

Sase Ivanovski

ЕУ: Новинарите се чувари на демократијата

Sase Ivanovski

Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија

Sase Ivanovski

„Вашингтон пост“: Трамп планира илјадници отпуштања во ЦИА и други разузнавачки агенции

Sase Ivanovski

Обвинителството бара притвор за зетот на Зоки Фаци – ги запалил викендичката и станот на поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Две години од масакрот во „Рибникар“, сите српски телевизии ја прекинаа програмата во 8:40

Sase Ivanovski

На Вучиќ ненадејно му се слошило, ја прекинал посетата на САД и се враќа во Белград

Sase Ivanovski

Изборот на нов папа нема да трае долго, проценува Ватикан

Sase Ivanovski

Хрватска: Половина од пратениците во Саборот се кандидираат за градоначалници и жупани

Sase Ivanovski

ЕУ: Новинарите се чувари на демократијата

Sase Ivanovski

Трамп како Гадафи и Садам Хусеин – со голема парада ќе слави јубилеј на војската, на неговиот роденден

Sase Ivanovski

УНИ банка ќе бира нов извршен директор, Хаџидинев заминува во централата во Бугарија

Sase Ivanovski

Сончев и летен ден, температурата ќе се искачи до 30 степени

Sase Ivanovski

Политиканти.мк Епизода 21 / Сезона 03

Sase Ivanovski

НАТКАСТ со Љупчо Цветановски – ЕП. 18 – гостува Љупчо Пренџов

Sase Ivanovski

Кавадарци на таргет од големите супермаркети. Веро, Рамстор, Тинекс и Кам…

Sase Ivanovski

КИСЕЛА ВОДА ИМА ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА ВО ОДБОЈКА!

Sase Ivanovski

Симпсонови знаат… Македонија засекогаш☀️❤️👌

Sase Ivanovski

Распишан конкурс за краток стрип на фестивалот „Стрип трип“, со рок до 25 мај

Sase Ivanovski

Трамп го назначи Мајк Волц од позицијата советник за национална безбедност на функцијата амбасадор во ОН

Sase Ivanovski

Македонија со пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Парадата на победата во Москва како барометар за кондицијата на проруските наративи

Sase Ivanovski

Германските разузнавачи ја означија крајнодесничарската партија АФД како екстремистичка

Sase Ivanovski

ЗНМ: Македонија „падна“ за шест места во „Репортери без граници“, време е за реформи

Sase Ivanovski

УЈП: Граѓаните да си ги проверат годишните даночни пријави за 2024

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина

Sase Ivanovski

Принцот Хари ја загуби правната битка за полициската заштита во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Најниско ниво на јавен и државен долг во последните пет години, поднесени 900 апликации од општините за проекти, инфраструктурни инвестиции во Кавадарци

Sase Ivanovski

Ковачки: Правдата не смее да се уценува со улица – Ахмети бега од вистината и се крие зад партиски знамиња

Sase Ivanovski

Министерство на внатрешни работи: Кривична пријава против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Атанасовски: Од дете на протерани предци од егејот до успешен живот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најемотивното интервју во животот на Елена Ристеска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Елена Ристеска: Не сакав да видам маж по разводот, но сега мислам поинаку

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нешто Конкретно-Елена Ристеска: Ако фатам помлад дечко ќе речат види ја бабава!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Коцкањето ме уништи – ама моето признание можеби ќе спаси некој друг- Гоце Пејковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Паркот Сарај полн за првомајскиот пикник

Sase Ivanovski

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН уште еднаш потврдува дека за образованието нема и не смее да има препреки

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

Истражувачкото новинарство и етичко известување во фокусот на дводневната обука на ЗНМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска ја посетив Општина Кавадарци и извршив увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКО ЕКСПРЕСНО СЕ ЗАТРУПА ПЕПЕЛТА ВО РЕК БИТОЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕОРЕПОРТАЖА) ПРИЗМА: Македонија паднала за 6 места на индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

Sase Ivanovski

Ахмети: Го цениме смелиот чекор на Таравари, тој многу порано сфати дека оваа влада е антиалбанска

Sase Ivanovski

Караџов за Николоски: Раскажува македонски приказни за лека ноќ

Sase Ivanovski

ЕК за најавата за заминувањето на Вучиќ во Москва: Односите со Русија не можат да бидат нормални додека трае војната

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина, Русија одбила прекин на огнот

Sase Ivanovski

РОМСКИОТ ЛИДЕР ДЕМИРОВСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ: Во право си премиере, Ромите се продадени во Шутка!

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: 2. мај историски датум, прогласена Слободна зона во Слупчане по конфликтот во 2001

Sase Ivanovski

Поминаа три месеци од одлуката на новата американска администрација за замрзнување на активностите поврзани со американската странска помош

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: ЗГРЕШИВ ШТО МУ ПОМОГНАВ НА КУРТО ДУДУШ ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА, ТАА ГРЕШКА ЌЕ ЈА ИСПРАВАМ

Sase Ivanovski

ПИЈАН ВОЗАЧ БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА, ТИЕ ГО БРКАЛЕ НИЗ СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЈ НЕ САКА ВО ИМЕ НА ВЛАДАТА ДА СТАВА СМАЈЛИЊА И ЛОШКОВЦИ НА НОВИНАРСКИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА, НО РАСПИШАН Е НОВ ТЕНДЕР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО СМРТТА НА ФРОСИНА ИМА ПОВЕЌЕ СООБРАЌАЈКИ

Sase Ivanovski

До кога?

Sase Ivanovski

Индискиот премиер ѝ даде оперативна слобода на армијата да одговори на нападот во Кашмир

Sase Ivanovski

Уште колку долго ќе можеме да седиме на две столчиња?

Sase Ivanovski

Муцунски: Средба со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација, Сусуму Катаока

Sase Ivanovski

Греам ја поддржува желбата на Трамп да биде новиот папа: „Постојат многу предности“

Sase Ivanovski

Папа Франциско, човекот од збор

Sase Ivanovski

ЕПП усвои резолуција: Доколку ЕУ и другите институции не интервенираат изборите и демократијата во Албанија се загрозени

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 6 отсто во првиот квартал, извозот изнесува 57,4 милиони евра

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%

Sase Ivanovski

Шекеринска: НАТО продолжува да се зајакнува, нема најава за повлекување на американските сили од Косово

Sase Ivanovski

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Sase Ivanovski

Нови детали за тројното убиство во Шведска: Полицијата оди од врата до врата, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

Возач на патот Гостивар-Тетово, управувал возило со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

Sase Ivanovski

Сторијата „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5000 животи годишно, како да сме во војна“ ја доби првата награда на Советот на етика

Sase Ivanovski

Кривична за сообраќајни полицајци, ја „попречија правдата“ во случајот со братот на градоначалникот Стефковски

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата бара почитување на Законот за минимална плата

Sase Ivanovski

ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени

Sase Ivanovski

Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Sase Ivanovski
Вчитувам....