Скопје, 24 ноември 2022 – Здружение за заштита и обнова на животната средина
Treebanks во рамки на својата хуманитарна и општествено одговорна работа ќе засадат
7 000 дрвја на две локации низ Македонија. На ден 25.11.2022 ќе се оддржи акција за
садење на дрвја во атарот на село Ајватовци, Скопје. Садењето во с. Ајватовци ќе
започне во 10:00 часот и ќе трае додека не се засадат сите планирани 2000 дрвја или до
крајот на работниот ден.
Деновите 26-.27.11.2022 акцијата за садење ќе се префрли во Општина Берово каде
треба да се засадат 5000 дрвја, површина од два хектари. Дрвјата ќе се засадат на
терен зафатен од пожарите во 2020 година. Акцијата за садење ќе започне во 10:00
часот, и ќе се случи над с. Будинарци, Општина Берово.
Средствата за садење дрвја се обезбедени преку донации од EcoAsist Romania, Бреон
ДООЕЛ Скопје, А1 Македонија ДООЕЛ Скопје и сопствени средства на Treebanks
добиени преку резервации на патувања преку филијаните линкови на Treebanks.
Садењето е организирано во координација со локалната самоуправа (соодветно) и ЈП
Национални Шуми.
Treebanks до сега, имаат засадено 15 000 дрвја на повеќе локации низ Македонија.
Здружението на граѓани работи до 2019 година. Treebanks средствата за садење на
дрвја ги обезбедува преку филијални партнерства. Едноставно, вие го резервирате
вашето патување, а Treebanks садат дрво за вас без пари. Повеќе информации можете
да најдете на
“Резултати од минатогодишното садење во Радовиш не мотивираат да продолжиме со
нашата работа. Локациите на кои садиме годинава се врз база на пројавениот интерес
на локалното население кое стапи во контакт со Treebanks. Отворени сме за соработка.
Доколку имате желба да си засадите дрвце и ни помогнете во нашата работа
контактирајте го Treebanks и регистрирајте за волонтирање.“ – изјави Михаил Стевчев,
претседателот на Treebanks.