Мексиканските владини претставници во северниот дел на земјата објавија дека уште едно лице починало од мистериозна епидемија на менингитис, со што бројот на жртви од болеста се искачи на 35. До денеска, здравствените власти во претежно руралниот дел на државата Дуранго регистрирале 79 случаи во изминатите неколку месеци.Првиот случај на менингитис во Дуранго беше потврден на крајот на минатата година, кога лекарите потврдија дека има неколку пациенти заболени од асептичен менингитис, исклучително опасно воспаление на мозокот.