Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со откупувачите и земјоделците во Ресен. На средбата се говореше за откупот на конзумно и индустриско јаболко. Од страна на откупувачите и земјоделците беа предложени и идеи како да се подобри ситуацијата со откупот на конзумно и индустриско јаболко пред неговото официјално започнување. Министерот Трипуновски им вети на земјоделците дека со работа и мерки ќе запре намалување на површините под јаболков насад. Нема веќе да има неоткупено македонско јаболко.
„Работиме преспанското јаболко да остане бренд, а земјоделците од Преспанскиот регион да бидат ценети за она за кое во текот на целата година се вложуваат и напорно работат“, истакна министерот.