Од еден друг агол
Македонецот не видел мака од своето раѓање до денеска.
Така ли е или не е така!?
Со исклучок на сиромаштијата во првите повоени години.
Како и во цела Европа.
Не зборувам за екстремните случаи на кои им се извинувам поради оваа воопштување.
Јас сум роден 52 година и можам да посведочам дека сум живеел во рајовидно окружување.
Колку и да звучи тоа пијано, будалесто или претенциозно.
Нема или се ретки такви народи кои целиот век го поминале во убавина.
Осумдесет години.
Од година во година поубаво.
Дали претерувам?
Мислам-не!
Многу е важно да се има тој поглед кон својот живот.
Тој и таков континуиран развој создаде самоперцепција која предизвика многу проблеми во транзицијата.
Бидејки бевме новородена нација немавме граѓанска структура во која можеше да се втемели општеството во новите услови на плурализам, демократија и слободен пазар.
Без водечката улога на партијата.
Обратно, ни се појави вмро која во демократијата виде шанса за деструкција на комунистичките остварувања.
Не е тоа антивмровска спознаја, туку вистина со која ќе се согласи секој вморон.
Така дојдовме до денешнава ситуација.
Нацијата се води од инерцијата на старите очекувања во кои државата испорачуваше се и не може да сфати три работи: дека ресурсите се ограничени, дека луѓето работат малку или непродуктивно и дека имаме политички фактор чија мисија е тие ресурси и капацитетите на целата држава да ги спушта колку може пониско.
За да ја докаже историската нерелевантност и невозможност на македонскиот национален и државен проект.
Како вештачка, комунистичка формација.
Кога јас велам дека во вакви околности оваа влада, со сите слабости, испорача неверојатни количества живот, луѓето кои ги дадоа своите мозоци на миење, се исмејуваат.
Бргу ќе разберат колку сум бил во право.
Ви крајно тешки услови на блокади и мински инсталации по сите институции.
И цела една мажино линија од таканаречени медиуми.
И кога велам дека народот никогаш не живеел подобро, исто така се смејат.
Бргу ќе видат колку тоа биле точни оценки.
Луѓето мислат дека мирот, стабилноста, снабдувањето, здравството на кое толку се жалат додека не им дојде ред да оперираат жолчка или слепо црево, се работи кои му припаѓаат природно, дека државата и нацијата им припаѓаат природно, но не е така, се тече се се менува уште од Хераклит. Сите имаат формирано субјективно чувство на неправда што не живеат како Швајцарците. Мислат дека тоа е некаква грешка. Или затоа што власта ги краде. И очекувања дека тоа ќе им го овозможи некоја волшебна сила. Вмро! И тоа со затворање пред светот на кој нема да му дозволиме да ни се меша во внатрешните работи. Во идентитетот. Тоа беше една од првите пораки на Груевски/Савревски. Се сеќавате, не? Тие дури и кредитите ги вратија по повисоки камати за да светот не им се меша во финансиите.
Видивме како заврши тоа немешање на светот.
Појавноста е една работа стварноста е друга. Македонецот е дрогиран од специјални информации, секој ден гледа едноличен секс во кој тој е ебаната страна и по таа линија нема деловна способност да гласа ако претходно не се фрли по вистината во Вардар или во Охрид.
Прво да се излади, па да гласа!
Тоа е!