Во што е проблемот, бе, Македонци?
Не е ништо растурено.
Системите функционираат,безмалку, совршено.
Добро, не совршено- добро.
Или, речиси добро.
Има проблеми, се разбира, но системите функционираат како Астон Вила под Унаи Емери.
Она што е растурено сте вие.
Растуреноста на системот ви е место на кое можете да ги префрлите болките од сопствената растуреност.
Од растурот на душите и срцата што го претворивте во багер за уривање на Македонија.
Тоа е!
Убиства се решаваат за три дена, канализацијата во комшивската зграда која вие ја затнувате со бинди и пластични отпадоци секој десет дена, се одзатнува за половина час, автобусите се проретчени но доаѓаат така како што пишува на таблите, во дуќаните нема што нема, моловите се полни со муштерии и стока, кафеаните бараат дополнителна работна сила, градежниците не можат да изградат толку станови колку што сиромашните Македонци можат да купат, јавната хигиена е на добро ниво, дури и аспекти на општата култура ( сообраќај, на пример) пензиите растат и се исплатуваат благовремено, во секунда, платите растат и се исплатуваат во
милисекунда, општото ниво на безбедност и покрај се, е повисоко од сите главни градови во Европа. За Америка и Блискиот и далечен исток да не зборуваме. Аптеките се полни со лекови, болниците извезуваат здравство, храна има за фрлање, за жал…
Во нато сме и да не беа лудаците во вашите редови, ќе бевме и во ЕУ.
Во што е проблемот, бе, Македонци?!
Не можете да живеете со Шиптарите?
Да, но Шиптарите се џигерот, белите дробови и панкреасот во вашиот организам.
Без нив сте мртви.
Ќе се воздржам да ве испцујам.