Според последните најави наскоро би можеле да видиме нова промена во Лигата на шампионите. Европската куќа на фудбалот од оваа сезона воведе лигашки систем во првиот дел од натпреварувањето, а сега елитното натпреварување би можело да претрпи уште една промена. Имено, според последните најави УЕФА може да го укине правилото за продолженија и при нерешен резултат веднаш да се играат продолженија. Причината е едноставна, да се намали заморот и да се избегнат повеќе повреди на фудбалерите.
„УЕФА размислува за укинување на правилата и место продолженија да се изведуваат директно пенали. Размислувањата се сериозни, но веројатно тоа нема да се случи сега поради актуелниот договор за ТВ правата кој го има УЕФА и кој истекува во 2027 година“, пишува „Гардијан“.