Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во ПАБСЕК предводена од Лидија Тасевска, а во чиј состав се и членовите: Вјолца Адеми и Благица Ласовска, ќе учествуваат на 60. Генерално собрание на ПАБСЕК што се одржува од 7 до 8 декември во Белград, Србија, во организација на Парламентот на Република Србија, кој претседава со ПАБСЕК.
Се очекува на Собранието да му се обрати Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Ивица Дачиќ прв заменик премиер одговорен за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи на Република Србија, како и Нику Попеску, претседавач на БСЕК и министер за надворешни работи и европска интеграција на Република Молдавија. Ден пред почетокот на генералното Собрание, седници ќе одржат Бирото и Постојаниот комитет на ПАБСЕК.